Да се работи како политичар оддамна е пресудена работа. Со години и со децении за политичарите е создавана слика дека се дел од општеството што е нужен, но кој не помага со ништо за сите други граѓани, туку, напротив, како каста единствено се грижи за својот комодитет.Да бидам искрен, по солидно временско искуство, работејќи ја оваа работа, имам впечаток дека и на многу од постарите политичари им одговарала таквата перцепција. Не се бореле да ја сменат, ниту со зборови ниту со конкретни активности. Ако општеството нема преголеми очекувања од политичарите, тие се далеку покомотни во своето дејствување. Со минимални активности и работа и со многу демагогија и празни зборови успевале да опстанат на политичката сцена со децении, а зад себе не оставиле ниту еден конкретен проект или мерка со која за граѓаните што било подобриле. Политичарите беа навикнати дека постојат за да зборуваат, а не за да работат. До ден-денес голем дел од постарата генерација на политичари, но и оние помлади што не можат и не сакаат да ја преземат секојдневната тежина на оваа работа врз себе, се зачудени од темпото и динамиката на работа што помладите во оваа дејност ја наметнуваат. Често и ја критикуваа и ~ се потсмеваа. Но да се менуваат околностите не значи работа на празно, ниту значи работа заради политички маркетинг. Тоа е лесно, но уште полесно може да биде препознаено. Пробувале многумина да остават добар впечаток за својата работа, но зад себе не оставале ниту малку резултати и позитивни ефекти. Празниот политички маркетинг може на кој било политичар да му помогне да опстане високо на сцената, но тоа опстанување ќе е совршено кратко. Неколку месеци, половина година или преку сила цела година е сосема доволен период граѓаните да ја видат суштината, има или нема конкретни подобрувања, ефекти и резултати. И во минатото, но и денес, има политичари што се обидуваат на полесниот начин да остварат силен политички рејтинг, но не се свесни дека кога еднаш ќе бидат прочитани, враќање назад нема, лошиот имиџ останува зацементиран. Штом граѓаните еднаш видат дека кој било политичар не е искрен кон нив и оти целата активност му е сведена како да создаде неточна, но позитивна, перцепција за себе, јасна е пресудата. Така грешеа многу луѓе досега, така грешат и денес. Впрочем, суштинската причина зошто е толку голем политичкиот дебаланс кон најголемата владејачка и најголемата опозициона партија најмногу лежи токму во оваа причина. Сите други прашања и дилеми кои ги наметнува опозицијата, а се поврзани со изборниот систем и законодавство, избирачкиот список, медиумите, функционирањето на судската и извршната власт се само изговор пред себе и изговор пред сопственото членство. Тоа е одговор, кој лидерството на опозицијата го има спремено како од буквар, секогаш кога некој од нив ќе ја побара одговорноста за своите слаби резултати.За да се направи разлика не е потребно само да се говори. Треба да се има што ќе се говори, но нешто што директно им помага на граѓаните. Јас би сакал да посочам само неколку точки што во последниот период беа дел од динамиката на работа и на Собранието на Република Македонија и на Владата. Прашања кои добија актуелност, но прашања кои ставени во еден пакет даваат слика за тоа дали се работи или не, и даваат слика дали има резултати од полза за граѓаните или не.Прво, со одлука на Собранието се зголеми за 5% социјалната помош што ја добиваат 35.000 корисници. Оваа постапка беше дел од предизборните ветувања. Таа веќе е одобрена и наскоро ќе стапи во сила. Досега неколкукратно беше зголемувана социјалната и постојаната парична помош. Во 2006 година, социјалната парична помош изнесуваше 2.900 денари, додека денес таа изнесува 4.266 денари, што претставува зголемување за 47,1%. Исто така, во 2006 година износот на постојаната парична помош беше 3.695 денари, а денес тој износ е 5.392 денари односно зголемување за 45,93%. Дополнително, за оваа категорија на граѓани досега беа воведени низа мерки како што се трајното ослободување од плаќање на радиодифузна такса, бесплатно изготвување на елаборати на дивоградбите во кои живеат, отписот на долговите кои ги имаат граѓаните од социјално ранливите категории, надоместоци за учениците од социјално ранливи семејства кои ќе се запишат и редовно ќе посетуваат настава во средно образование, посета од медицински лица кои вршат здравствена нега во домашни услови на лица од ранливите категории, бесплатно образование, бесплатен превоз за учениците и бесплатни учебници, отворени се повеќе народни кујни и уште многу други мерки кои го олеснуваат животот.Второ, на 84-тата седница на Собранието одржана на 6 февруари 2014 година беа донесени измените на Законот за минимална плата во Република Македонија со што досегашната пропишана минимална плата од 8.050 денари се зголеми на 8.800 денари. Се донесе и одлука за континуирано зголемување на минималната плата до 2016 година, така што во 2015 година минималната плата треба да изнесува 9.590 денари, додека во 2016 година минималната плата треба да изнесува 10.080 денари. Со законските измени се заоструваат и санкциите доколку работодавачот не ја исплати минималната плата утврдена со законот. Да потсетам дека до пред неколку години не постоеше никаква законска регулатива со која се одредуваше долната граница за плата на работниците во Македонија. Трето, пратениците на 15. седница на Собранието одржана на 16 септември 2014 година, ги изгласа измените на Законот за исплата на плати, со што во ноември вработените во јавната администрација (војска, полиција, здравство, образование, комунални дејности, култура,…) ќе земаат плата повисока за 4%. Со оваа мерка ќе се помогне на илјадници семејства чии членови се вработени во јавните сектори и ќе се влијае на подобрување на животниот стандард на граѓаните, но и ќе се влијае на зголемување на платите во останатите сектори во стопанството. Од 2006 година до денес платите во јавната администрација, образованието, културата, полицијата, армијата, здравството и други сектори континуирано беа зголемувани. Зголемувањето на платите за 4% за вработените во јавниот сектор се случува во период во кој можеме да забележиме тренд на намалување на платите речиси во сите земји од нашето опкружувањето, но и во Европа. Србија, Хрватска, Словенија и други земји од опкружувањето се соочуваат со сериозни кратења на средствата за плати во овиe сектори.Четврто, се изгласаа измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои средствата за пензии ќе се зголемат за 5%. Факт е дека до 2006 година пензионерите имаа далеку помали пензии што не беа доволни ниту за основните потреби и тие беа заборавени и оставени на маргините на општеството многу долго време. Најниската пензија досега беше зголемена за 76%, а просечната пензија од 2006 година досега е зголемена за 62%.Еве сосема кратко набројав четири работи кои суштински се променија во последните два месеца и тоа во полза на илјадници семејства. Вакви мерки, нашите политички конкуренти, немаат спроведено во сите години и мандати во кои управувале, а не пак за само два месеца. Иако овие четири точки се само мал дел од сите активности, мерки и проекти кои се изработиле или се работат во овие два месеца, се сосема доволни за да се види суштината на нашата работа. Сосема доволни дури и ние политичарите да бидеме горди дека полека, но сигурно ги менуваме и подобруваме состојбите за сите граѓани во Македонија.Во ова е разликата, а не во празната демагогија.
Илија ДИМОВСКИ за ДневникДа бидам искрен, по солидно временско искуство, работејќи ја оваа работа, имам впечаток дека и на многу од постарите политичари им одговарала таква