Република Македонија со повеќе држави има склучено договори за реципрочно признавање на возачките дозволи.Во четири држави може да возите со македонската возачка дозвола без притоа да имате обврска за повторно полагање на возачкиот испит. Станува збор за Италија, Србија, Црна Гора и Албанија.
Со Австрија и Шпанија, Македонија има склучено исто такви договори, но без да полагате повторно испит во овие две држави може да возите само со „Б“ категорија.
За останатите категории „Ц1“, „Ц“, „Ц1Е“, „Д1“, „Д“, „Д1Е“ и „ДЕ“ македонските возачи имаат обврска за повторно полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит, како и полагање на тестот на вештини за безбедно управување на возилото.
Во останатите земји за начинот на полагање, како и кои делови од возачкиот испит (теоретски или практичен) ќе мора да ги полагаат македонските возачи зависи од националното законодавство во тие земји каде истите го имаат регулирано нивниот законски престој.
Воедно, на возач на кој му е издадена возачка дозвола на Република Македонија на негово барање може да му се издаде и меѓународна возачка дозвола.
Меѓународната возачка дозвола се издава на образец чија форма, содржина, вид и квалитет на материјалот е еднообразен на целата територија на државата. Истата ја издава МВР или преку овластено правно лице за вршење технички преглед на возила.
Меѓународната возачка дозвола заедно со националната македонска возачка дозвола може да се користи насекаде.Во четири држави може да возите со македонската возачка дозвола без притоа да имате обврска за повторно полагање на возачкиот испит. Станува збор з