Во ОВИЕ месеци луѓето имаат НАЈГОЛЕМА желба за секс!

Последното истражување открива дека луѓето имаат две омилени сезони за секс – зима и рано лето. Повеќето луѓе се во потрага по љубов и страст во текот на зимата и почетокот на летото, открива детална анализа на пребарувачот  Гугл.
Зборот „порнографија”, „гради”, „проституција” и „секс” обично се пребаруваат од јануари до март и од јуни до средината на август, но врвот е достигнат за време на Божиќните празници. Во овие месеци и најмногу луѓе посетуваат сајтови за пронаоѓање на партнер.
Истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието “Архива на сексуално однесување,” траело две години. Експертите сакале да откријат како сезоните влијаат  на човековата сексуалност, и дали  сексуална желба е поинтензивна во одредени месеци.
Ова не е прва студија од ваков вид. И претходно беше докажано дека сексуалната желба се зголемува за време на Божиќните празници и за летните одмори.  На пример, тоа е докажано со зголемениот број на продадени кондоми во овие сезони.
Не е познато точно зошто луѓето се однесуваат така во зима и лето, но се верува дека е поради тоа што празниците и одморите будат емоции на релаксирање и опуштање.Повеќето луѓе се во потрага по љубов и страст во текот на зимата и почетокот на летото, открива детална анализа на пребарувачот  Гугл.

Пронајдете не на следниве мрежи: