Во овие ситуации ви е допуштено да бидете потполно себични

Кога ја спојувате сликата за накој кој е себичен, обично тоа го поврзувате со егоизам и завист.Но. потои и друг вид себичност која ви овозможува да бидете среќни и да се чувствувате добро. Себичноста не мора да да има секогаш негативна конотација, постојат ситуации во кои е сосема нормално да се ставите себеси на прво место, тврди психологот Елизабет Ломбардо. Еве кои се тие ситуации
1. Кога ви е потребна помош
Секогаш сте “при рака“ кога треба да му помогнете  на некој од вашите пријатели, но не го добивате истото  кога улогите ќе се сменат? Кога постојано давате, но не добивате назад барем иста количина, односите лесно ќе бидат нарушени од таа нерамнотежа. Дури и ако не влијае на односот помеѓу вас и партнерот или пријателот, вие нема да се чувствувате добро. Затоа е важно и вие да добиете емоционална потпора кога ви е потребна. Тоа ќе ве направи постреќни и задоволни. Направете го тоа за себе, побарајте помош кога ви е потребна и немојте да се чувствувате лошо поради тоа.
2. Во спалната соба
Од време на време, акцентот мора да биде ставен на вашето задоволство. И вие како и вашиот партнер, сакате да биде среќни и задоволни, затоа „побарајте“ понекогаш и вие да бидете приоритет. Не е реткост партнерите повеќе да уживаат да ја гледаат својата „друга половина“ среќна и задоволна, а тоа лесно можете да го искористите да се посвети само на вас.

3.По работата
Можеби мислите дека постојано треба да го проверувате меилот, дури и по работното време, да го завршите извештајот кој останал во текот на работното време и сакате да го завршите откако децата ќе заспијат? Не е проблем повремено да ги завршите дома работите кои ви останале на работа, но тоа  никако не смее да ви стане правило. Доколку не се оптоварувате со работбни обврски дома секој ден, полесно ќе се одморите и следниот ден ќе бидете попродуктивни на работа.
4.Време за себе
Животот мора да биде забавен и среќен, тврди Ломбардо. Затоа, доклку имате желба да останете во кревет и да читате книга или да гледате некој филм и да не правите апсолутно ништо друго, тоа понекогаш е сосема во ред. На тој начин се ослободувате од стресот и се чувствувате многу подобро.  Но. потои и друг вид себичност која ви овозможува да бидете среќни и да се чувствувате добро. Себичноста не мора да да има секогаш негативна конота

Пронајдете не на следниве мрежи: