Во трговскиот центар во кинескиот град Вухан, организирана е посебна понуда за првите 200 купувачи кои ќе се согласат да се соблечат и без облека на себе, да одберат нова облека.Во Кина се обележува еден интересен празник, доколку може така и да се нарече, во кој најмногу уживаат оние кои немаат партнери. Се работи за Денот на самците кога се прославува слободниот живот луѓето кои немаат партнери, а баш тој ден сопствениците на продавници прават нешто со што уште повеќе им го разубавуваат денот.
Овој ден станува најдобар ден за шопинг во Кина, поради посебните погодности и акциите кои едноставно морате да го искористите. Па така во трговските центри во кинескиот град Вухан, била организирана посебна понуда за првите 200 купувачи кои ќе се согласат да се соблечат и без облека на себе да одберат нова облека.
Сите оние кои се одлучиле на овој храбар потег во долна облека да трчаат по продавниците, добиле бесплатна облека. Слоганот за оваа специјална распродажба бил „Соблечи ја својата облека и земи нова бесплатно“.
Работите кои ги добиле овие луѓе вределе дури и до 164 американски долари, што, морате да признаете не е малку. Но, сепак сето ова покренало јавна дискусија дали е во ред да се прави вакво нешто, каде се спротиставиле мислењата на оние кои се залагаат за кинеската традиција и култура и оние кои веруваат во модерното опшество на модерни сфаќања.
Би се соблекле ли вие?
Во Кина се обележува еден интересен празник, доколку може така и да се нарече, во кој најмногу уживаат оние кои немаат партнери. Се работи за



