Со предложениот Буџет за 2016 година се издвојува значајна сума за капитални инвестиции која е во највисока досега и е во насока на поддршка на економскиот развој.Ова го истакна минситерот за финансии Кирил Миноски образложувајќи го Предлог-буџетот за 2016 година во собраниската Комисија за финансирање и буџет.
– Определбата за постојано зголемување на јавните инвестиции изминатите години се покажа како добра за повеќе сектори, пред се градежништвото и индустријата, затоа од 2009-та година наваму континуирано се зголемува износот на капитали инвестиции во буџетот. За следната година проектиравме високо ниво на капитални инвестиции во износ од 26,954 милијарди денари што е за 4,62 милијарди денари повеќе од оваа година или за 20,7 отсто раст на капиталните инвестиции, рече Миноски.
Тој додаде дека предвидено е следната година во патната инсфраструктура да се инвестираат вкупно 20,16 милијарди денари, од кои најголем дел или 16,56 милијарди ќе се реализираат преку Јавното петпријатие за државни патишта. За довршување на изградбата на модерната автопатска делница на Коридорот 10 Демир Капија – Смоквица се предвидени 3,6 милијарди денари.
Преку Јавното претпријатие за државни патишта се планира да се реализира Проектот за рехабилитација на патиштата со кој се опфатени патните правци Битола-Ресен-Буково, Ново Село-Маврово-Жировница-Дебар, Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар, Делчево-Голак, Мокрино-Смолари, Мелнички Мост-Центар Жупа, Лажани-Топотово-Црнилиште, Кривогаштани-Обршани-Воѓани, Кочани-Делчево и Нов Дојран-Николиќ.
Следната година, како што рече, ќе продолжи и Проектот за надградба и развој на патот Крива Паланка-Ранковце, како и изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево -Охрид. Ќе се интензивираат и активносите предвидени со Програмата за национални патишта финансирана од ЕБОР со која е предвидена изградба на нови патни делници Шетип-Кочани, Охрид-Пештани, Градско-Прилеп и Требениште-Струга, како и Проектот за изградба на нов експресен пат Штип-Радовиш.
За капитални расходи за железничката инфраструктура се предвидени 807 милиони денари.Ова го истакна минситерот за финансии Кирил Миноски образложувајќи го Предлог-буџетот за 2016 година во собраниската Комисија за финансирање и буџе