Покрај намалувањето на невработеноста во нашата држава, сакаме да направиме секое работно место да е погодено за секој барател на работа. На тој начин не само што се обезбедува добар живот, туку и се зацврстува оддржливоста и се зголемува ефикасноста на пазарот. Според нашите податоци, со проектот Македонија вработува 2 очекуваме невработеноста да се намали за 20.000 лица, вели АлексовскаВеќе некое време се реализира проектот Македонија вработува. Има ли резултати од неговото спроведување?
Проектот Македонија вработува го иницираше Владата на Република Македонија со цел да им помогне на невработените лица кои потешко стапуваат на пазарот на труд, да се вработат. Пакетот на мерки кои го спроведуваме минатата година придонесе да се вработат 18.909 лица во 10.140 компании. Имајќи ги предвид овие резултати и потребите на работодавците, Владата на Република Македонија продолжува со спроведувањето на проектот Македонија вработува 2. Според нашите податоци, од овој проект очекуваме невработеноста да се намали за 20.000 лица.
Овие бројки ни даваат значаен поттик за исполнувањето на нашата визија, а таа е значително да се развие пазарот на трудот, особено преку поврзувањето на понудата и побарувачката и да се постигне високо ниво на вработеност во нашата држава. Досега преку овој проект или законска можност се вработени 2.215 невработени лица во 1.705 компании, резултатите се позитивни и очекуваме овој тренд да продолжи понатаму. Во Скопје согласно административните податоци на АВРМ во периодот од 2006 до 2016 година намалена е невработеноста за над 49 отсто, додека пак зголемена е вработеноста или вработени се повеќе невработени лица, изразено во проценти тоа е над 39 насто. Ако во 2006 година сме имале регистрирани 84.664 невработени лица, во 2016 овој број паднал на 43.122.
Во 2006 година сме имале 170.441 вработено лице, а веќе во 2016 година бројот на вработени во Скопје се зголемил на 238.306. Тоа го постигнуваме преку бројни мерки кои ги стимулираат работодавците и го поттикнуваат претприемништвото. Воедно, спроведуваме и голем број на обуки за невработените лица кои се во потрага по работа. Со тоа сакаме да им обезбедиме стручна подготовка за ефективно да конкурираат на пазарот на труд.
Рековте дека објавувате обуки за невработени лица. Кои се најатрактивните инајефикасните обуки?
Според оперативниот план за 2016 година објавивме и планираме да објавиме многудруги обуки. Некои од нив се обука кај познат работодавец, обука на работното место со субвенционирано вработување, обука за напредни ИТ-вештини, обука за стекнување на вештини од стари занаети, обука за основни вештини за вработување и многу други.
Секоја од обуките има своја посебна атрактивност и ефикасност. На пример, со обуката за напредни ИТ вештини невработените лица можат да се стекнат со меѓународен сертификат и со тоа да имаат голема конкурентност на ИТ пазарот, кој како што знаеме е во континуиран раст. Од друга страна, со обуката за основни вештини за вработување планираме да им помогнеме на 1.100 млади евработени лица, со тоа што ќе ја имаат можноста да изучуваат странски јазици и да се запознаат со основните компјутерски вештини потребни за секое работно место.
Во моментов имаме и отворен јавен оглас за невработени лица кои активно бараат работа за сертифицирање на БУЛАТС. Оваа обука значително влијае врз лицата кои долго време се невработени, зашто преку неа можат полесно да му пристапат на пазарот на труд. Веќе сме при крај на 2016 година и бројката на невработеност за последниот квартал во оваа година се очекува да се намали. Согласно ДЗС стапката на невработеност е 24 проценти. Воедно, со спроведувањето на оперативниот план се потрудивме да има еднаква застапеност на мажите и жените и стапката на учество на младите до 29 години да е најмалку 30 отсто.
Евидентно е дека работите со многу луѓе. Како ги известувате лицата кои се активни баратели на работа за обуките и другите мерки за вработување?
Благодарение на медиумите успеваме да ги пренесеме новостите со кои сакаме дапомогнеме во развојот на пазарот на трудот. Воедно, интернетот и социјалните медиуми играат значајна улога во тоа. Еден од клучните начини за комуникација, според мене, е тоа што луѓето од нашата агенција имаат редовен и директен контакт со лицата кои активно бараат работа, а исто така и со работодавците кои имаат клучна улога во креирањето на нови работни места. Ова нѝ помага на сите кои сме вклучени во овој процес да имаме реална слика за тоа што се бара и што се нуди на пазарот. Имаме и СМС-систем преку кој секојдневно праќаме податоци до невработените лица, за да бидат навремено и директно информирани со можностите што можат да ги користат.Организираме форуми за работодавци и невработени лица, работилници, инфо-денови, како и саеми за вработување. Навистина се трудиме.
Како раководител, дали идентификувате некој предизвик со кој агенцијата редовно се соочува?
Постојат многу предизвици во секоја сфера од животот, посебно во вработувањето. Еден од најголемите е сите да бидат среќни во тоа што го работат, но пред се најважно е да имаат работа согласно сопствените квалификации заради лична егзистенција ипрофесионален развој. Покрај намалувањето на невработеноста во нашата држава,сакаме да направиме секое работно место да е погодено за секој барател на работа. Натој начин не само што се обезбедува добар живот, туку и се зацврстува одржливоста и се зголемува ефикасноста на пазарот.
Извор:ВечерВеќе некое време се реализира проектот Македонија вработува. Има ли резултати од неговото спроведување?