Во петтата деценија изгледа совршено благодарение на овие навики

Пејачката и актерка Џенифер Лопез (48) дефинитивно им пркоси на годините. Нејзиното изјавано тело во петтата деценија едноставно остава без текст.Не само што таа изгледа беспрекорно, туку изгледа како и воопшто да не старее. Но, кога ќе погледнеме како славната пејачка, актерка, деловна жена и мајка на две деца, живее и се грижи за себеси, сè нѝ станува јасно. 
Доколку сакате да го запрете времето како што тоа го прави атрактивната Џеј Ло, време е да ги примените нејзините животни навики.
Одлично се забавува
Познато е дека Џенифер сака да танцува. Танцот игра голема улога во нејзиниот живот, преку кој ја одржува кардио рутината со која го зајакнува здравјето на организмот и ја обликува фигурата. Џеј Ло ги поместува границите во вежбањето – таа го комбинира танцот со вежби за сила.
Следи строг режим на исхрана
Лопез никогаш не консумира преработена храна ниту шеќери. Исхраната ѝ се базира на природна храна, а кога има желба за слатки или грицки, таа консумира семки, јаткасти плодови или оброк на база на протеини. Кога е време за оброк, Џенифер дава предност на помалку калоричните оброци како риба и голема чинија салата.
Избегнува алкохол и кофеин
“Она што го консумирате не влијае само на вашето тело туку може да влијае и на вашата кожа”, вели Џеј Ло.
Но, затоа пие многу вода и тоа е нејзината тајна на одличниот изглед.
Напорно тренира
Џенифер е свесна дека не можете да го добиете телото од соништата преку ноќ. Затоа таа не се срами да признае колку напорно работи на својата фигура.

“Тоа е моја работа, јас тоа морам да го правам”, изјавила Лопез своевремено кога признала дека вежба секој ден.

 
 Не само што таа изгледа беспрекорно, туку изгледа како и воопшто да не старее. Но, кога ќе погледнеме како славната пејачка, актерка, деловна жена

Пронајдете не на следниве мрежи: