Во понеделник во Охрид започнува iProceeds конференција на Европска Унија и Совет на Европа за Југоисточна Европа и Турција

Евроамбасадорот Аиво Орав, Министерот за внатрешни работи на Р.Македонија, Митко Чавков и Јавниот обвинител Марко Зврлевски во понеделник во Охрид  ќе ја отворат iProceeds конференцијата за Југоисточна Европа и Турција 
(Скопје 10.06.2016) Ерата на напредна и иновативна технологија се почесто ги имплицира своите негативни ефекти врз деловниот и приватниот живот, со тоа што на површина произлегува експлоатацијата на ваквата технологија од страна на доста професионалните криминални делувачи кои што компјутерскиот криминал го проширија во светски рамки. За да се регулира ваквиот компјутерски криминал во светски рамки се воспостави цврста и стабилна соработка помеѓу Европската унија и Советот на Европа со цел да се применат потребните регулативни мерки и процедури.
Заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа за таргетирање на криминалните приноси од интернет во Југоисточна Европа и Турција (iPROCEEDS) во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) започна на 1 јануари 2016 година и ги опфаќа Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Република Македонија, Турција и Косово. Посебна цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на властите во регионот на проектот за пребарување, запленување и конфискација на приносите од компјутерскиот криминал и спречување на перење пари на интернет.
Во светот, поголемиот компјутерски криминал што е пријавен и истражен од страна на криминални власти правда е поврзан со различни видови на измама и други кривични дела со цел добивање на нелегални економски бенефиции. Генерирањето и перењето на огромни количини на приноси најчесто се врши преку интернет и преку употреба на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ). ИКТ се експлоатираат за широк спектар на сериозни и организирани криминални активности со динамична врска меѓу online и offline организираниот криминал. Во исто време, приносите од криминалот онлајн ретко се заплеуваат и конфискуваат. Ова е исто така и за земјите од Западен Балкан и Турција.
Во рамките на конференцијата која започнува во 9:00 часот во понеделник, 13-ти јуни во хотелот Метропол ја отворат со свои излагањата ќе ја отворат Министерот за внатрешни работи на Република Македонија – Митко Чавков,  Јавниот обвинител на Република Македонија –  Марко Зврлевски, Амбасадорот на Европска Унија во Република Македонија, Аиво Орав, Раководителот на одделението за компјутерски криминал од Советот на Европа – Александар Сегер и проект менаџерот на програмата за компјутерски криминал во рамки на канцеларијата на Советот на Европа – Мариана Чицу. Исто така на конференцијата ќе учествуваат и високи претставници од земјите/областите на iPROCEEDS проектот (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Република Македонија, Турција и Косово, членовите на националните тимови на проектот, партнерите на проектот, претставниците на меѓународни организации и многу други технолошки и економски експерти.
Околу 80 кривични судски претставници, експерти за компјутерски криминал и претставници од финансиските институции и даватели на услуги ќе дискутираат за конкретни чекори кои што треба да се преземат за посилна јавна/приватна и меѓународна соработка за подобрување на финансиските истраги и конфискација на приносите од криминалот што се извршува онлајн.
Реализацијата на конференцијата која ќе трае во понеделник и вторник е концепирана кон следниве теми: учествување на носителите на одлуки и проектните тимови во активностите на iPROCEEDS проектот, претставување на нацрт-извештај за состојбата на мерки против компјутерскиот криминал и откривање, заплена и конфискација на приноси од компјутерскиот криминал, како и мерки за спречување на перење пари преку интернет во областите/земјите каде што се имплементира проектот, постигнување на договор за работен план на проектот, иницирање на специфични проектни активности. Исто така, конференцијата ќе се состои од: сесија за претставници на националните капацитети и потреби поврзани со компјутерскиот криминал, таргетирање на криминалните приноси и спречување на перење пари на интернет, регионална работилница на приватното/јавното споделување на информации помеѓу институциите од финансискиот сектор, единиците за компјутерски криминал и другите засегнати страни, регионална работилница за меѓународна соработка.
За повеќе детали, ве молиме посетете ја официјалната веб страна, www.coe.int/cybercrime
 
  
(Скопје 10.06.2016) Ерата на напредна и иновативна технологија се почесто ги имплицира своите негативни ефекти врз деловни

Пронајдете не на следниве мрежи: