Во понеделник во Скопје ќе се пие кафе и чај и ќе се плаќа со поезија

Скопје (18.03.2015) Во понеделник, 21-ви март, Македонија за светскиот ден на поезијата по втор пат се приклучува на глобалната кампања на Јулиус Мајнл, „Плати со Поезија“ на Светскиот ден на поезијата.Имено, Скопје по втор пат е дел од мрежата на повеќе од 30 градови во светот каде граѓаните можат да испијат кафе или чај и истите да ги платат со поема. По неверојатно успешната минатогодишна кампања „Плати Кафе со Поезија“ која за прв пат беше спроведена во нашиот главен град и истата беше поздравена од граѓаните и привлече огромно внимание од јавноста, оваа година Скопје повторно гордо е дел од глобалната акција. Минатата година се собраа повеќе од 600-та поезии, кои освен на македонски и албански, беа пишувани и на бугарски, турски, руски, германски, српски и англиски јазик.
Оваа година љубители на доброто кафе, вкусните чајни ароми и убавиот пишан збор се добредојдени во Венето во Скопје Сити Мол, Паладиум во Капиштец, Наргиле во Чаршија, Дион на Кеј и Баду во Порта Влае да го испијат своето кафе или чај и истите да ги платат со поезија и притоа имаат шанса да се дружат со реномирани поети од нашата држава.
Ова е листата на дел од поетите од Македонија кои што се вклучени во „Плати со поезија“ и истите ќе ги оценуваат поемите на граѓаните кои потоа ќе добијат и награди: Дарко Лешоски, Стефан Марковски, Марта Маркоска, Јован Илиевски, Ксенија Николова, Наим Илијази, Драгана Ефтимова, Мартин Богатиноски, Ана Голејшка, Љубица Шопова, Билјана Стојановска, Слаѓана Атанасова.
Над 30 земји и повеќе од 1000 кафетерии низ целиот свет. Плати со поезија на 21ви март!
На настанот се предвидени изјави.
Локација: Наргиле во Чаршија, Венето во Скопје Сити Мол, Паладиум во Капиштец, , Дион на Кеј и Баду во Порта Влае
Датум: 21.03.2016, понеделник
Време: од 10:00 до 17:00 часотИмено, Скопје по втор пат е дел од мрежата на повеќе од 30 градови во светот каде граѓаните можат да испијат кафе или чај и истите да ги платат со

Пронајдете не на следниве мрежи: