Полицијата и војската мораа педа до педа да пребараат дали има затрупани и заглавени луѓе, но за жал имаше и жртви, иако има голем број на спасени.Oколу 1000 луѓе беа спасени, вели вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, во Отворено студио на ТВ Нова.
-Ме разочараа обвинувањата од пратеничката Софија Куновска, да беа кон мене упатени немаше толку да ме погодат, колку што ме погодија овие, бидејќи знам што правеа на лице место полицајците и војниците. Таа пожртвуваност не треба да се критикува, вели Тодоров.
Тој додава дека што се случувало во погодените подрачја наликувало на сцени од хорор филм, апокалиптични и страшни слики, водата носела сè пред себе.
-Улици, возила, буквално сè носеше водата. Сите се координиравме. Градоначалниците Коце Трајановски, Тони Трајковски, министерот Дритон Кучи, од првиот момент беа на терен, изјави Тодоров.
Тој додава дека 3 часот по полноќ бил свикан првиот состанок на оперативниот штаб, но претходно сите биле излезени на терен.
-Се обидувавме да се координираме и да се помогне веднаш на терен бидејќи имаше многу јавувања. Страшна природна катастрофа. Првата одлука беше да се почне веднаш со спасување и пребарување. Тоа е протокол по кој мора да се оди, вели Тодоров.Oколу 1000 луѓе беа спасени, вели вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, во Отворено студио на ТВ Нова.
-Ме разочараа обвину