Во последните 24 часа издадени 1.133 потврди за азил

Изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 1.133 странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Од нив 478 лица се од машки, 239 од женски пол, а 416 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија-407, потоа на 389 државјани на Авганистан и на 337 на државјаните на Ирак.
Од 1 јануари годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 55.477 странски државјани, од кои 22.939 се од машки пол, 11.967 се од женски и 20.469 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-27.429, Авганистан-17.447 и Ирак-10.598.
Изминативе 24 часа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
До Секторот за азил од 1 јануари годинава до денеска барање за признавање право на азил поднеле седум лица (пет од Авганистан и две од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за денеска евидентирани се вкупно 22 баратели на азил од кои 18 мажи, една жена и две деца со придружба на старател и едно малолетно лице без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија-407, потоа на 389 државјани на Авганистан и на 337 на државјаните на И

Пронајдете не на следниве мрежи: