Вкупно 62.049 странски државјани добиле бугарско државјанство во последните пет години. Овој податок се наведува во писмен одговор на министерот за правда Екатерина Захариева до пратеник.Вкупно 60.194 од „новите“ Бугари добиле бугарски документ за идентификација врз основа на „bбугарско потекло“, а 1.855 врз основа на „заедничка натурализација“.
Од извештајот на министерот за правда, станува јасно уште дека 6-7% од кандидаствалите не добиле бугарско државјанство.Кандидатите биле вкупно 65.623, но 3.574 не добиле бугарски пасош.
Останатите 62.049 добиле бугарски пасош со Указ на потпретседателот.Иако Захариева не наведува, голем дел од лицата коишто добиле бугарско државјанство врз основа на потекло се државјани на Македонија, како и на Молдавија и Украина.
Писмениот одговор дава можност на министерот за правда да објасни одделни делови од Законот за странци, кои се однесуваат на условите кои странците треба да ги исполнат за да аплицираат за бугарско државјанство.Вкупно 60.194 од „новите“ Бугари добиле бугарски документ за идентификација врз основа на „bбугарско потекло“, а 1.855 врз