Во потрагата по малезискиот авион е пронајден нов свет во Индискиот океан

Потрагата по исчезнатиот авион МХ370 на авиокомпнаијата Малезија Ерлајнс откри нов подведен свет во кој се наоѓаат вулкани, долини и високи гребени.Иако авионот кој исчезна на 8. март 2014. година, се уште не е пронајден, во последната потрага досега откриени се многу работи во Индискиот океан за кои претхнодно не се знаеше. Научниците се надеваат дека новата мапа ќе даде нов увид во она што се наоѓа во океанот.
-Проценето е дека само 10 до 15 отсто од површината на светските окееани се испитани со технологијата која ја користиме за пронаѓање на авионот, се вели во соопштението на Стјуарт Мичин од австралискиот Геонаучен институт.
Тој вели дека освен во потрагата за МХ370, технологијата ќе биде користена и за идни истражувања.
Инаку, Австралија, Малезија и Кина ја прекинаа потрагата скоро три години откако Боингот 777исчезна со 239 патници. Потрагата која се базираше на сателитски анализи пребарани беа 120 илјади квадратни километри. Иако беа пронајдени делови од авионот, сепак трупот засега не е пронајден.
 Иако авионот кој исчезна на 8. март 2014. година, се уште не е пронајден, во последната потрага досега откриени се многу работи во Индискиот океан

Пронајдете не на следниве мрежи: