Во предизборната кампања на СДСМ, земјоделците добија многу ветувања за нивните производи, цена и пласманот на пазарите

Во изминатот  период  сме сведоци на многу проблеми и  разочарувања кај земјоделците.
Во предизборната кампања на СДСМ, земјоделците добија многу ветувања за нивните производи, цена и пласманот на пазарите. Зоран  Заев ветуваше  многу реформи се до моментот кога дојде на власт и настапи со плејада антиреформи од кои едни од најпогодените беа земјоделците на праски, патлиџани и краставици.
Земјоделците од Росоман се здобија со тежок удар и имаа рекордни мали цени  каде што и најголем дел од праските им беа фрлени и останаа без пари.
Земјоделците од Струмица, разочарани и измамени  беа приморани да ги продадат нивните производи по најниски цени за кои неможеа да си ги покријат основните трошоци.
Земјоделците се разочарани и огорчени од новата Влада и нивните празни ветувања.
Зоран Заев во преизборната кампања истакна дека:
“Ветувам  како идна Влада ќе ги отвориме пазарите кои што се затворени за Македонија : Русија, Белорусија, Украина , Молдавија , Блискиот Исток.  Ќе ги унапредиме со Европската Унија и бившите Републики од СФРЈ за да обезбедиме конкуренција, натпревар помеѓу откупувачите. Да донесеме колку можеме повеќе од откупувачите овде. Да се тепаат, да се натпреваруваат кој ќе плати повеќе, тој да го добие земјоделското производство”
Заев посебно нагласи:
“ Ќе правиме бартер аранжмани, ја гледам Кина сака да финансира евтини кредити кон Македонија, па може да земе дел од земјоделските производи, Украина Русија сака да земеме железо од таму  ќе земат за возврат земјоделски производи “
Од овие ветувања нема ни трага. Македонските земјоделци разочарано го фрлаат нивниот труд во отпад и безнадежно бараат помош од новата Влада на Заев.
 
Во изминатот  период  сме сведоци на многу проблеми и  разочарувања кај земјоделците.
Во предизборната кампања на СДСМ, земј

Пронајдете не на следниве мрежи: