Диме Ицковски – Поштарот (35) од Булачани, баран по налог од скопските судови, во петокот околу 19,15 часот во скопската населба Карпош 1, при акција на МВР за негово апсење беше убиен од полицијата. Настанот се случил во близина на просториите на Месната заедница “Карпош”, во непосредна близина на Драмскиот театар во Скопје. Убиството, според полицијата, е резултат на дадениот отпор од Ицковски, кој со пиштол отворил оган кон припадниците на МВР. Според официјалното соопштените на полицијата, акцијата е резултат на претходен план за пронаоѓање и приведување на Ицковски, кој се барал со потерница за повеќе извршени кривични дела, за кои требало да одлежи и казна затвор. Но, бидејќи Поштарот бил решен да не се предаде, велат од МВР, тој извадил пиштол и почнал да пука кон полицајците. Притоа, тешко го ранил во десната слабина полицаецот Н.Н. На ваквата постапка на Ицковски, полицијата возвратила и испукала повеќе рафални истрели кон Поштарот, при што му нанела тешки телесни повреди од кои подоцна на Хируршките клиники во Скопје починал. Според официјалното полициско соопштение, Изковски во едната рака држел рачна бомба, а во џебот имал и друга.
ГОРАН НАУМОВСКИНастанот за апсењето на Ицковски, кое имаше трагичен крај, се одвивал пред очите на жителите на околните згради. Ранетиот Ицковски итно бил пренесен во Клиничкиот центар, каде што им подлегнал на раните. Додека повредениот полицаец, известуваат од Клиничкиот центар, по итната операција е надвор од животна опасност. По дознавањето за настанот и ранувањето на Поштарот, се алармираа поголемиот број од жителите на Булачани, кои масовно пристигнаа пред зградата на Ургентниот центар. Откако дознаа дека Ицковски им подлегнал на повредите, протестот го продолжија пред зградата на Собранието до 2 часот по полноќ. Во саботата Ицковски беше погребан на селските гробишта во село Булачани. Вчера, најблиските членови на семејството, роднини и пријатели, му оддадоа почит на Ицковски на месото каде што беше убиен, пред објектот на Месната заедница “Карпош”, каде што положија и цвеќе.. Хронолошки, настанот во петокот почнал околу 19 часот кога повеќе полицајци во цивилка го имале блокирано реонот на улицата “Бранимир Нушиќ” во Карпош, каде што во тие моменти се наоѓал Ицковски. Причината за неговото присуство во Карпош се поврзува со поранешниот припадник на МВР, Златко Бошњаковски наречен Алигатор кој, според една верзија, имал задача да го чува Ицковски, а според друга да го убеди да и се предаде на полицијата. Овие информации полицијата не сака да ги потврди ниту да ги негира. Откако дошло до средба, очи в очи, меѓу Ицковски и полицајците, Ицковски извадил пиштол калибар 7,65 милиметри и го вперил во нив. Со слободната рака од левиот џеб извадил “кашикара”, а навестил дека и во другиот џеб има уште една бомба. Откако бил известен дека имаат налог да го уапсат, Поштарот испукал куршум кон еден од полицајците, нанесувајќи му прострелна рана во десната слабина. Тогаш кон Ицковски бил отворен оган. Неколку испукани куршуми го погодиле, но тој сў уште давал знаци на живот. Повредените Ицковски и полицаецот Н.Н. биле пренесени во Клиничкиот центар. Диме Ицковски им подлегнал на повредите. Повредениот полицаец, според професор д-р Владимир Димов, е надвор од животна опасност. На местото на настанот под раководство на истражен судија и заменик-јавен обвинител е извршен увид од полицијата. Диме Ицковски се бараше по наредба од КПД “Идризово” заради издржување казни затвор во траење од 4 години, 10 месеци и 5 дена, потоа по наредба од Основниот суд-Скопје 1 и 2 за издржување казна од 4 години, а против него се водеше кривична постапка во основните судови на Охрид и во Кичево за кривично дело разбојништво и тешки кражби и, посебно, за бегство од затвор. Во официјалното соопштените на МВР до јавноста се вели дека полицијата изразува жалење за животот на Диме Ицковски, кој при акцијата на полицијата за негово лишување од слобода, како и предавање на надлежните судски органи употребил оружје против овластените службени лица и тешко повреди еден припадник на полицијата. Од полицијата најавуваат дека во наредните неколку дена ќе формираат посебна комисија за преиспитување на оправданоста на употреба на огнено оружје од полицајците и дека извештајот ќе го достават до Основното јавно обвинителство во Скопје.
Извор: Утрински весникУбиството, според полицијата, е резултат на дадениот отпор од Ицковски, кој со пиштол отворил оган кон припадниците на МВР. Според официјалното соо