Најстарата прилепска населба Варош под Марковите кули и манастирот „Свети Архангел Михаил“ денеска го прославија верскиот празник Источен петок – Балаклија.Гостите беа кај варошани кои ги отворија портите и го посетија манастирот за да се помолат за здравје на семејството и да налеат од лековитата вода што извира под манастирот.
Изутрината во манастирот „Свети Архангел Михаил“ се служеше света литургија, а гостите цел ден го посетуваат манастирот.
Според етнологот Александар Цветкоски има две причини поради кои токму во Варош и во манастирот „Свети Архангел Михаил“ се слави оваа вековна традиција.
– Во 18 и 19 век Варош бил познато балканско и европско место каде се одржувале надалеку познати панаѓури. Дури некои сознанија водат во 14 и 15 век. Се тргувало со стоки и од Холандија. И на голем петок доаѓале трговците и не можеле да не го посетат манастирот и да се уверат во митовите и легендите дека водата е чудотворна, лековита, особено за очобол. Корените за верувањето на лековитата вода датираат од 4 век од Истанбул, каде се појавил извор на лековита, чудотворна вода. А таква, се верува, е и онаа од манастирот „Свети Архангел Михаил. Голем или Источен петок – Балаклија, првиот по Велигден е ден на источната, петочна лековита вода, објаснува Цветкоски.
Според градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески оваа вековна традиција е големо културно наследство за Прилеп.
– Денеска сите варошани пречекуваат гости, а многубројни се и посетителите на манастирот. Празникот е голем и со долга традиција, истакна Ристески.Гостите беа кај варошани кои ги отворија портите и го посетија манастирот за да се помолат за здравје на семејството и да налеат од лековитата