Во Прилеп отворена нова продавница за ортопедски помагала

Прилеп во средата доби уште една продавница за ортопедски помагала, во која може да се набават протези, инвалидски колички, ортопедски чевли, патерици, еластични чорапи и други помагала.Вработените во продавницата посочуваат дека со отворањето на оваа ортопедска продавница ќе им го олеснат снабдувањето со ортопедски помагала на оние на кои им се неопходни.Некои од помагалата се набавуваат од странство, а голем дел се рачна изработка. Сето тоа може да се купи и приватно и без потврда.„Имаме потпишано договор со Фондот за здравство и од таму пациентите веднаш со потврдите доаѓаат кај нас да го побараат потребното помагало. Секое има декларација и гарантен лист, а во загарантираниот рок пациентите можат да добијат бесплатно сервисирање на производот“, вели Емилија Горкова – Мишковска, медицинско лице задолжено за продажба.Новата  продавница „Bauerfeind“, чиешто отворање го поздрави и актуелниот градоначалник на Прилеп и кандидат за уште еден мандат на претстојните мартовски локални избори, Марјан Ристески, се наоѓа во строгиот центар на градот, лесно достапна за сите лица кои сакаат да ја посетат и имаат потреба од тоа.
МакфаксПрилеп во средата доби уште една продавница за ортопедск

Пронајдете не на следниве мрежи: