Вечерва во Прилеп, во киното Мис Стон, се одржа интернациналниот филмски фестивал насловен како „Winter Apricots: Prilep International Film Festival “ . Фестивалот ќе трае два дена, вечерва и утре, и ќе бидат прикажани 10 филмови од повеќе држави. Идејата за организирање на овој фестивал ја добиле македонскиот архитект Дарко Ѓеоргиески и италијанската кинематографка и режисерка Елена Миленчели.„Целта беше да се донесе еден културен настан од висок квалитет во Прилеп. Независен интернационален филмски фестивал кој оваа прва година не третира никаква тематика. На наша голема среќа се пријавија за овој фестивал 160 филмови од 26 држави од светот, од кои што направивме селекција само на 10 филмови кои ќе се прикажат пред публиката. Пораката за пријавување на овој фестивал беше со објавување на социјалните медиуми и со контакти со индивидуалци кои креираат вакви филмови. Огласот за пријавување траеше 30 дена“, рече Дарко Ѓеоргиески, организатор на фестивалот.
Фестивалот беше отворен со уметнички перформанс кој беше изведен пред киното Мис Стон, а фестивалот е замислен како една интернационална средба, која ќе обединува аритисти од повеќе уметнички сфери, вклучувајќи интернационални филмови, работилници, придружна програма, како и интернационално жири.
„Идејата за организација на фестивалот дојде поради нашата голема страст и пасија кон филмот како уметност. Сакавме да им дадеме можност на луѓето да погледнат повеќе индивидуални уметнички филмови кои обично немаат можност да ги погледнат, а во исто време филмската уметност ја помешавме со другите форми на уметносност. Фестивалот се вика „Зимски кајсии“ бидејќи што е подобро од нешто слатко и необично во зима, како што е на пример кајсијата. Така овие филмови кои ќе се прикажат сега се слатки, невообичаени и добри. Затоа фестивалот го нарековме „ Winter Apricots“ или Зимски кајсии“, кажа Елена Миленчели, режисер и кинематограф.
На овој фестивал ќе бидат доделени и 4 награди : за најдобар филм, најдобар концепт, најдобри слики и најдобра кинематографија.„Целта беше да се донесе еден културен настан од висок квалитет во Прилеп. Независен интернационален филмски фестивал кој оваа прва година не