Во Русија почна изведбата на маневри во кои учествуваат повеќе 100 борбени авиони

Во Русија започнаа воздухопловните маневри од различни видови на летала од руската авијација, соопшти официјалниот претставник на Военото воздухополвство, полковникот Игор Климов.Во маневрите се вклучени повеќе од 100 борбени авиони: Су-27, Миг-31, Су-34, фронтовските бомбардери Су-24, хеликоптерите Ми-8, Ми-24 и Ми-28.
Авијацијата ќе ги гранатира копнените и воздушните цели на непознати полигони, а системите на ПВО ќе лансираат реални и електронски зенитни ракети на полигонот Ашулук во Астраханската област (југот на РФ).
Маневрите ќе бидат одржани од 4 до 8 август, во две фази. Во првата фаза, авионите ќе бидат префрлени од северните аеродроми на Западниот воен округ на аеродромите на Централниот воен округ. Во втората фаза, борбената авијација ќе полетува од јужните оперативни аеродроми.Во маневрите се вклучени повеќе од 100 борбени авиони: Су-27, Миг-31, Су-34, фронтовските бомбардери Су-24, хеликоптерите Ми-8, Ми-24 и Ми-28.

Пронајдете не на следниве мрежи: