Во само 7 чекори: Научете КАКО ДА ГО ЗАДРЖИТЕ ТЕМНИОТ ТЕН после сончање?!

Годишниот одмор ви е прекраток, а сакате да го задржите потемнетиот тен што е можно повеќе? Водете се по овие совети, и резултатот ви е загарантиран.1. Пилинг пред сончање
Пред изложувањето на сонце, направете добар пилинг на кожата и отстранете ги сите мртви ќелии. Така подготвената кожа и отворените пори, подобро ќе ја примат сончевата светлина. Тоа ќе ви оозможи полесно потемнување, а добиената боја подолго ќе трае.
2. Заштитни креми со висок фактор
Бојата која сте ја постигнале со постепено излаожување на сонце ќе трае подолго од брзото „печење“ на најжешкото сонце. Притоа не заборавајте редовно да користите препарати за заштита со висок заштитен фактор. Мачкајте ги сите делови од телото кои ви се изложени на сонце.
3. Хидратација на телото
Бојата која сте ја стекнале подолго ќе трае ако вашата кожа посе сончањето ја одржувате влажна и мека. Дозволете си на неколку дена купка на база на маслиново масло или кокос, а задолжително мачкајте се со вашето омилено хидратантно млеко или масло за тело.

 
4. Силни хемиски средства за туширање
Избегнувајте силни хемиски средства при вашата лична хигиена па вашата боја подолго ќе потрае. Избегнувајте да го шокирате организмот со исклучиво ладна, или исклучиво жешка вода при туширањето – најдобро е да се туширате со млака вода.
5. Триење со пешкир
Сакате да ја задржите бојата по сончањето? Заборавете на пешкирот и силно триење на телото после капењето. Пожелно е да се исушите надвор. Дополнителен ефект ќе постигнете ако на мократа кожа аплицирате детско масло за тело и така да се препуштите на струењето на летниот воздух во домот.
6. На сенка
Одржувајте го стекнатиот тен под сенка. Да добро прочитавте. Сончевите зраци ќе стигнат до вашето тело и под сенка, а нема да дозволат да изгорите. Не забравајте на хидратацијата. Испијте барем 8 чаши дневно вода, а од корист ќе ви биде и зелениот чај.
7. Портокалова и зелена храна
Овие пигменти кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот со портокалова, црвена и зелена боја се заслужни за потемнување на кожата, а ќе ви помогнат и да ја одржите бојата постојана. Во секојдневната прехрана вметнете пиперки и домати, марули…Направете си шејк од дињи, а јадете и многу спанаќ, кељ, зелка и зелена салата.1. Пилинг пред сончање
Пред изложувањето на сонце, направете добар пилинг на кожата и отстранете ги сите мртви ќелии. Така

Пронајдете не на следниве мрежи: