Во последниот од серијата самоубиствени напади во саботата во Авганистан, на истокот од земјата убиени се осум деца, по првиот од рано утрината во кој во главниот град Кабул се убиени девет цивили, објавија локалните власти.Цел на напаѓачот самоубиец била заедничка патрола на припадниците на авганистанските воени сили и НАТО во градот Кост, се наведува во соопштението издадено од властите на покраината.Смртно настрадал и полицаец кој го забележал напаѓачот и се обидел да го спречи во нападот. Покрај осумте загинати, ранети се уште две деца.Претходно во саботата наутро во нападот во Кабул, за кој одговорноста веќе ја преземаа талибанските бунтовници, загинаа деветцивили.Во Кабул во петокот дона навечер пристигна новиот американски министер за одбрана. Чак Хејгел.„Тој не ни беше директна цел, меѓутоа сакавме да испратиме порака дека сѐ уште сме во состојба да изведеме напад во Кабул, дури и кога во градот ќе допатува некој функционер од висок ранг, како што е американскиот министер за одбрана“, рекол во телефонското јавување за AFP, портпаролот на авганистанските талибани, Забиулах Муџахид.По самоубиствениот напад следела престрелка. Нападот се одвивал пред зградата на министерството за одбрана, соопштил портпаролот на мисијата ИСАФ. Во нападот се ранети 13 лица, од кои две лица се вработени во министерството за одбрана на Авганистан, потврдил портпаролот на кабулската полиција.Од своја страна, талибаните соопштија дека убиле 15 високи функционери на министерството за одбрана, како и дека има многу ранети, меѓутоа, како што забележуваат агенциите вообичаено е талибаните да претеруваат кога станува збор за загубите на спротивната страна.Талибанските напади сѐ уште не можат да бидат спречени целосно, и покрај единаесетгодишната присутност на меѓународните мировни сили во Авганистан.
МакфаксВо последниот од серијата самоубиствени напади во саботата во Авганистан, на истокот од земјата убиени се осум д