Во СДСМ пука по сите шевови. Поради последните позиции на партијата за прифаќање на платформата на албанските партии, дел од социјалдемократите незадоволни од позициите на раководството за прифаќање на двојазичноста и промена на унитарниот карактер на земјата, формираа “Иницијатива за спас на СДСМ и Македонија“.Во своето прво соопштение, кое пристигна до редакцијата на “Вечер“, од иницијативата велат дека агендата на Заев и останатите од раководстото на СДСМ откриваат дека Заев го лаже членството дека нема да се случи промена на унитарниот карактер на државата, затоа што нема 81 пратеник, но ако е така, прашуваат, зошто тогаш тој воопшто преговара со Ахмети?
-Заев како премиер може само да ја разнебити Македонија. Прифаќањето на платформата од Заев и негово обврзување дека ќе ја спроведе е првата фаза од планот. Кога Заев ќе стане премиер тогаш ќе стапи втората фаза од планот, а тоа е преку обвиненија, судења и затворања на функционери на ВМРО-ДПМНЕ да се предизвика поделби во партијата и со тоа да се инсталира раководство кое ќе седне на преговорачка маса со веќе владејачката СДСМ и владејачките албански партии и да се сложи за да гласаат за решенијата од платформата ако ова не успее тогаш да придобијат преку притисоци, уцени и поткупи дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои би заминале од партијата и ќе гласаат за платформата. При толку пари потрошени од странски структури, нема да им биде проблем да вложат и уште десет или повеќе милиони долари за да ги реализираат своите цели – стои во соопштението на “Иницијативата за СПАС на СДСМ“.
Членовите на СДСМ кои до “Вечер“ го доставија соопштението, во овој момент сакаат да останат анонимни, затоа што се исплашени дека Заев може да ги притиска и уценува како што тоа го прави со прислушуваните разговори на многумина кои му пркосат на идејата преку газење на националните интереси да се дограба до власт. Од Иницијативата додаваат дека следуваат и други информации за плановите на Заев кои ќе продолжат да ги пласираат до јавноста.
На прашањето за активностите на оваа Иницијатива, вчера одговори и партискиот портпарол Петре Шилегов, кој рече дека членовите имаат право да не се согласуваат со Заев.
-Органите, структурите на СДСМ во целост се согласни со политиките што ги води претседателот на партијата, не постои незадоволство кај членството, дали постојат индивидуални поинакви размислувања е демократско право на секој член на СДСМ да истакнува некое такво незадоволство. Она што е факт, а тоа е дека целосното раководство, сите органи на СДСМ во целост ја имаат одобрено таа политика, индивидуални фејсбук-статуси на поранешни функционери или членови на СДСМ нити влијаат, нити можат да влијаат на одлуките на органите на партијата – рече Шилегов.
Бранко се оградува од Заев?!
Не е тајна дека ексшефот на СДСМ, Бранко Црвенковски, уште од моментот кога ја напушти функцијата не покажува симпатии кон неговиот наследник Зоран Заев. Досега Црвенковски револтот кон работата на Заев го искажуваше најчесто преку молк. Не излегуваше јавно да ги поддржи политиките СДСМ, а во јавноста се шпекулира дека имало неколку партиски собиранки на кои Црвенковски говорел против Заев.
Лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски се огради од говорот на својот тогашен потпретседател, Зоран Заев, уште во 2011 кога тој на партиска трибина порача дека ќе бркаат од работа и “ќе јадат живи луѓе кога ќе се вратат на власт“.
Во интервју на Канал 5, Црвенковски во име на членството порача дека не стои зад изјавите на Заев, не исклучувајќи ја и можноста да го санкционира градоначалникот на Струмица.– Во СДСМ нема таква еуфорија, нема некаква атмосфера на моќ и сила, која се преточува во таков тип на изјави. Однапред на целата македонска јавност се извинувам во името на целата партија за секоја изјава која отскокнува од демократските начела во едно општество и од програмата на СДСМ, рече Црвенковски.
Тој рече дека го чул и неговото извинување и објаснување дека дел од таквата изјава се должи на смислена монтажа. Рече дека ќе се сретне со Заев, по што во партијата ќе одлучат за евентуална санкција.
И покрај оградувањето од зборовите на Заев, дека најверојатно до казна нема да дојде најави и самиот Црвенковски посочувајќи на досегашниот ангажман на неговиот заменик.
– Ова не го кажувам за да го оправдувам, туку да потсетам дека се работи за човек кој не е нов, тоа е човек кој има свое минато во политиката. Тој е пет и пол години градоначалник и не видов дека јадел луѓе или бркал луѓе за партиска непогодност, рече Црвенковски.
Заев во својот говор во Валандово се закани со масовни отпуштања во државната администрација и вработување на нивни луѓе, откако ќе се врателе на власт.
– Почитувани социјалдемократи, ако ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме од работа. Тие тоа треба да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме на власт, треба да влеземе тимски, од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Македонија… Велат вие сте меки луѓе. Вие заборавате и кога ќе дојдете на власт, ќе бидете истите. Живи луѓе има да јадеме после тоа…, рече Заев.
Потпретседателот на СДСМ во демантот до медиумите се правдаше дека неговите изјави биле извадени од контекст. Осуда за “канибалистичкиот# говор на Заев стигна од сите синдикални организации, политички партии, како и од меѓународниот фактор во земјава.
Софија Куновска прва го напушта бродот кој тонe
Поранешната претседателка на градската организација на СДСМ, Софија Куновска, си поднесе оставка од својата функција уште на конгресот за кој се утврдуваа кандидатските листи за изборите на 11 декември. Незадоволна од тоа што т.н. независни шарени револуционери им ги украдоа пратеничките места на долгогодишните социјалдемократи, Куновска ја напушти партијата во која е активна уште од основањето.
Сега, таа се противи и на “пакетот“ кој Зоран Заев и СДСМ го доставија до ДУИ за коалиција во Собранието и потписи за формирање на влада.
– Демократијата ќе се востанови само ако секој од нас ја негува и бара насекаде околу нас. Без исклучок. Дома, на работа, на улица, во институциите ама и во сопствената партија. Да речеме, наградно прашање бр. 1: Согласно високите стандарди за демократија, колкумина во СДСМ знаат што има во пакетчето до Мала Речица? Демократијата е моќ на убедување на инакумислечките во исправноста на сопствените идеи. Во спротивно се добива #НаТаткоИмПартијата Во СДСМ има прекалени борци, а не непријатели на социјалдемократијата и на татковината – напиша Куновска на нејзиниот фејсбук-профил.Во своето прво соопштение, кое пристигна до редакцијата на “Вечер“, од иницијативата велат дека агендата на Заев и останатите од раково