Изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди, во кои седум лица се полесно повредени, а во една е предизвикана само материјална штета.Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден откриени се повеќе прекршоци и се санкционирани 10 возачи за возење под дејство на алкохол, двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафорот, како и седум возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.
Санкционирани се и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или на црвено светло на семафорот за пешаци, како и тројца возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 56 возила, а санкционирани се 51 непрописно паркирани возила.
Одделението за превенција при СВР – Скопје во координација со „Здравствен дом“ на Скопје при Министерството за здраство, продолжува со спроведување на едукативни работилници во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанци врз безбедноста во патниот сообраќај“ со учениците од III-та и IV-та година.Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден откриени се повеќе прекршоци и се санкционирани 10 возачи за возење под дејство на алкохол