Во село во Индија 90% од мажите работат како обезбедување

Во сиромашното индиско село Асола-Фатепур сите мажи во селото вежбаат и ги развиваат мускулите што би им овозможило 90% од нив да се вработат како обезбедување.Децата почнуваат да тренираат уште од раѓање, но од 14 години тие го појачуваат тренингот и преминуваат на вегетаријанска храна богата со протеини – со многу млеко, банани, јајца и младо сирење.
Вежбаат и по 6 часа на ден, креваат мотори, трактори и друга тешка опрема од земјоделието, или меѓусебно се борат, за да ги развиваат мускулите.
А за да го развиват и трпението, кое на нивните стресни и ризични работи е потребно, практикуваат традиционални духовни вежби јога, кои ја прочистуваат главата.
Поради оваа нова билдерска репутација во селата жените се среќни- затоа што никој од мажите и децата не пуши, не пија, и не  конзумира дрога.
На новите работни места селаните заработуваат околу 2000 евра годишно, но можат да заработуваат и повеќе, ако се вработат како приватно обезбедување, а поради тоа што познаваат боречки вештини.
Д.В.Децата почнуваат да тренираат уште од раѓање, но од 14 години тие го појачуваат тренингот и преминуваат на вегетаријанска храна богата со протеини

Пронајдете не на следниве мрежи: