Единаесет лица се полесно повредени во десет од вкупно 16 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест е причинета материјална штета.Во текот на изминатиот ден полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај двајца возачи за управување возило под дејство на алкохол, двајца кои поминале на црвено светло на семафор, 18 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и 42 непрописно паркирани возила.
Санкционирани се и 38 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Со помош на специјално возило „Пајак“ отстранети се 74 непрописно паркирани возилa.
Од СВР Скопје информираат дека одделението за превенција денеска ќе одржи посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Со цел непречено и безбедно одвивање на ракометниот натпревар меѓу Вардар и Металург во спортскиот центар „Јане Сандански“ денеска од 20:30 часот полицијата ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.Во текот на изминатиот ден полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај двајца возачи за управување возило под дејство на алк