Во Скопје денес се одржа еднодневна “Обука за млади лидери на иднината”.Настанот беше организиран од страна на “Пан Европска Алијанса” Скопје во соработка со “Интернационалната развојна асоцијација” а поддржан од страна на Европската Комисија.
На оваа обука присуствуваа 50 млади луѓе од Република Македонија, од различни верски и етнички групи. Обуката на овие млади луѓе им даде можност да се стекнат со лидерски вештини.
На првиот дел од обуката, овие идни лидери се запознаа со вештините за јавно говорење како и невербалната комуникација и да направат сопствени работилници на оваа тема. Инвестирањето во развојот на знаењата и компетенциитее многу важно кај младите луѓе. Тоа е дел и од развојната стратегија Европа2020 на Европската Комисија.
Овој проект е подржан од Европската Комисија и како таков во втората сесија учесниците се запознаа со институциите на Европската Унија и нивното функционирање.
На самата обука, младите имаа можност да слушнат нешто повеќе за “Учеството на младите во политичкиот живот на република Македонија од независноста до денес”.
Гости на оваа сесија беа пратеникот Владимир Ѓорчев кој зборуваше на оваа тема и сподели дел од своето богато политичко искуство. Во текот на презентацијата се вклучи и пратеничката Нола Исмајлоска Старова која збореше за инклузивноста на политичките партии и вклучувањето на младите од различни етничко и верско потекло во политичкиот живот во Македонија. Оваа сесија заврши со прашања и одговори од страна на пратениците и отворена дебата со учесниците на обуката.
Во вториот дел од обуката, младите имаа можност да научат повеќе за европските фондови и како да ги искористуваат. Искористувањето на европските фондови е проблем што се јавува кај голем дел од европските земји и кандидатите за членство. Овај проблем се јавува и поради фактот што мал дел од луѓето се запознаени со можностите за искористување на истите. Младите беа запознаени со дел од европските фондови што се отворени за Република македонија и имаа можност да се вклучат во дел од нив. На крајот на оваа обука сите учесници се здобија со сертификати за учество а најдобрите добија можност да учестуваат на обуки низ Европската Унија.
Еден од учесниците Ерол Исмаили истакна дека оваа обука ќе му помогне во подигање на неговите знаења и во личниот развој. Јавното говорење и европските фондови се теми кои се многу актуелни и важни.
За Рамадан Мехмеди оваа обука ќе допринесе за подигање на неговите познавања за европските проекти и можностите за младите во Европа.
За Блаже Стрезоски оваа можност е одлична “Сметам дека обуката беше одлична. Мислам дека оваа обука ќе ми помогне како за личен развој така и за користење на можностите што ни ги дава Европската Унија.Јас сум тука да научам повеќе и да си ги надградам своите знаења.”Настанот беше организиран од страна на “Пан Европска Алијанса” Скопје во соработка со “Интернационалната развојна асоцијација&rdq