Изградба на нова затворена тениска арена во Скопје најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој промовираше серија од 7 мерки за млади лица.Новата тениска арена која ќе се гради во склоп на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде со површина од 3850 метри квадрати и ќе содржи три тениски терени и еден терен за падел тенис.
Проектирана е и трибина со вкупно 500 седишта, подтрибински простор со административен дел и кафе бар. Тениските терени ќе бидат сертифицирани од светската тениска федерација и ќе бидат според сите светски и европски стандарди.
-Со изградбата на оваа тениска арена и заедно со веќе постоечките терени на отворено и еден монтажен терен сместен во големата арена на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се отвори можност да се организираат секаков вид на светски и европски турнири и првенства. Но, најважно од се е дека за прв пат ќе се добие соодветно место за редовен тренинг на оние кои што редовно тренираат тенис, а делумно и за рекреативците. Во текот на зимскиот период, во периодите кога е ладно кога е студено, кога врне снег или дожд, ќе има каде да продолжат да тренираат или играат тенис, потенцираше Груевски.Новата тениска арена која ќе се гради во склоп на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде со површина од 3850 метри квадрати и ќе