Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди, од кои осум се со последица материјална штета, четири се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Осумнаесет возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, девет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи поминале на црвено светло на семафорот и тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол.
Санкционирани се и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 70 возила.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ОУ „Панајот Гиновски“, општина Бутел.Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.
Како што информи