Во Скопје за 3 часа наврна половина од дождот кој падна во Србија за 5 дена

Човечки жртви, уништени домови и огромни материјални штети се заедничката слика за поплавите што последниве години добиваат размери на огромни природни катастрофи како последица на искучителни обилните дождови. Во Скопје невремето во саботата навечер за нешто повеќе од три часа донесе дури 93 литри дожд на квадратен метар со тоа што мерната единица е од Зајчев Рид, а се претпоставува дека во реонот на Стајковци имало многу повеќе врнежи, пишува Дневник.Иако Обреновац со трагичните слики ќе остане запаметен како симбол на стравотно поплавената Србија од пред две години, бројките покажуваат дека за пет дена – од 13 до 18 мај, од кои во првите три беснееше циклонот „Тамара“ најмногу дожд наврнало во друг град од нејзината западна граница – во Лозница каде што биле измерени 222 литра врнежи на квадратен метар. Значи за време од пет дена, но врз земја која од претходните врнежи и циклон била веќе прилично натопена и без можност да прими поголемо количество вода. Најмногу дожд паднало на 14 мај помеѓу осум часот наутро и 20 часот вечерта, кога наврнале 60 литри на м2, анализира Дневник.
При јунските поплави во Западна Европа, во Белгија за еден викенд паднале пет инчи или околу 127 литри вода на м2. Станува збор за поплавите од 30 мај до 2 јуни година кога настрадаа и Франција и Германија.
Иако секоја од овие катастрофи има свои посебни карактеристики и причини, заедничко им е дека не сите им претходеле исклучително влажни периоди со кои врнежите значително ги надминале просечните вредности за тој период од годината. Kолку метеофеноменот познат како „омега блок“ бил пресуден за поплавите во Западна Европа, а што точно се случило на небото над Скопје и дождовната бомба најверојатно допрва ќе се анализира.
Во случајот со Србија, сега две годни подоцна работите се далеку појасни откако се сумирани податоците и анализирани настаните и последиците. Интересно е дека тамошните метеоролози прилично точно го предвиделе циклонот Тамара и како тој ќе се одвива, но не не сонувале дека по спојувањето на неколку помали циклони таа ќе донесе толку многу дожд и неколку десетици жртви.
Циклонот ќе почне утре и ќе трае се` до крајот на викендот. Се очекуваат обилни дождови и големо заладување со снег на повисоките планини, велат прогнозите на српските синоптичари за 12 мај, каде што се посочува дека циклонот ќе се формира над Италија и ќе се движи на исток кон Бугарија. Неговиот центар се очекувал да се најде викендот над централна Србија, а тоа требало да донесе драстичен пад на температурите и тоа за 10 до 15 степени под просекот за мај и дожд со повеќе од 100 литри на квадрат.
Многу брзо бројките за врнежите само ја потврдиле трагичната ситуација на теренот со излеаните реки и избиените подземни води кои оштетија огромен број домови во многу градови и села. По Лозница со 222 литри дожд на квадратен метар на второ место според врнежите било Валево со 196 литри и поширокиот регион на Белград со 190 литри. Мерењата што се прават од 1981 година покажале дека тој викенд во Валево наврнало дожд 7 пати над просекот за тој период од годината.
А пред поплавите, дождовите уште на почетокот на мај ја надминале вообичаената квота за тој период од годината. Земјата не можела да прими повеќе вода.

Тамара го докрајчи тоа што го почна Оливера и уште три други циклони, кусо сумирале метеоролозите. Вкупнот баланс за Лозница по петте циклони биле 442 литра дожд за еден месец, а за Белград 322 литра.
А според тамошните податоци и во јули годинава имало повеќе врнежи од вообичаениот просек.
Опасниот феномен „омега блок“ се посочува како причина за обилните дождови кои на 30 мај зафатија делови на Европа и предизвикаа прелевање на реките и поплавите во малите градови во Германија и во Франција. Во јужниот дел на Германија загинаа пет лица, а во парк во Париз од гром настрадаа 11 деца. Најтешко беше погодена Баварија, а поради поплавата во областа Ротал, подотоците покажуваат дека во јужниот дел на Германија тогаш имало за 400 отсто повеќе проценти врнежи споредено со просечните вредности. Во тој дел за една недела наврнале од 2 до 4 инчи (од 50 до 100 литри вода на квадрат).
Во деловите од североисточна Франција, во близина на границата со Белгија, за 24 часа наврнало над 5 инчи дожд (околу 125 литри на м2) колку што обично за тој период од годината врне за шест недели. Метеофранс објави рекордни врнежи за месец мај (над 6 1/2 инчи ило околу 180 литри) само во регионот на Ил де Франс, околу Париз.
Во овие поплави имало над 20 жртви.
Најмногу дожд во светски рамки
за една минута – 38 литри на м2, Барот Гвадалупе, 26 ноември 1970
за еден Час – 305 литри на м2 во 42 минути, Холт, Мисури, САД, 22 јуни 1947
за 24 Часа 1825 литри на м2, француски остров Реунион кај Мадагаскар, 7-8 јануари 1966
за 48 Часа – 2493 литри на м2, Черапуњ, Индија, 15-16 јуни 1995
во библискиот потоп паднале над 6.000 литри на м2 за еден час
Месина, Италија, 31 жртва
На 1 и 2 октомври 2009 година на северниот дел од Сицилија, во областа Месина, големи дождови предизвикале поплава која однела 31 живот. За време од три часа, тогаш, паднале околу 230 литри дожд на м2.Иако Обреновац со трагичните слики ќе остане запаметен како симбол на стравотно поплавената Србија од пред две години, бројките покажуваат дека за

Пронајдете не на следниве мрежи: