Во скопско вечерва наврнаа 41 литар на метар квадратен

Во последните 24 часа најмногу дожд, 51 литар на метар квадратен, наврна во Крушево, а најмалку, еден литар, во Берово.Како што соопшти УХМР, до осум часот водниот талог во Скопје Петровец бил 41 литар на метар квадратен, во Демир Капија 40, во Скопје 33, во Тополчани 32, во Тетово 30, во Маврово 29, во Битола 28, во Ѓуриште 27, во Охрид 19, во Претор 18, во Пожаране 16, во Лазарополе 14, во Куманово 13, во Виница 11, во Прилеп, Дебар, Гевгелија, Штип и Пожар 9, а во Крива Паланка два литра,
И денеска Македонија ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот.
Преку ноќта повремени врнежи имаше во поголемиот дел од земјата, а утрово пороен дожд со грмежи има во централните и северните делови. Движењето на облачната маса со врнежи е кон север и таа доста брзо се извлекува кон Србија.
Во шест часот, врнежите беа во Скопско, повеќе во централните и источните делови и кон падините на Скопска Црна Гора. Чести поројни врнежи има и во Кумановско и кон границата со Скопскиот регион.
Во следните неколку часа оваа облачност ќе се намали и во северните делови ќе има само повремен дожд.
Нестабилност има и во југозападните делови и повремен пороен дожд во претпладневните часови ќе има и на западот од земјата.
Попладне ќе остане нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, но тие ќе се почести на југ и југозапад.
Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степена.
Во Скопската котлина претпладне ќе има повремен пороен дожд и грмежи. Во попладневните часови и понатаму ќе има услови за нестабилно време со појава на грмежи но врнежите ќе се поретки, иако повремено ќе имаат засилен интензитет. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.
УХМР предупредува во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.Како што соопшти УХМР, до осум часот водниот талог во Скопје Петровец бил 41 литар на метар квадратен, во Демир Капија 40, во Скопје 33, во То

Пронајдете не на следниве мрежи: