Во шпоретот нашла змија: Од страв не јадела и не спиела

Преплашената Ката Шулц подготвувала ручек. Го отворила шпоретот, а таму лежела змија белица: „Не знаев каде да одам, од страв ми се пресекоа нозете“, вели Ката. „Вреснав, а змијата само ја крена главата, ме погледна и почна да го покажува јазикот. Неколку пати ми се закани со јазикот, мислам дека побрзо ја затворив рерната, отколку што ја отворив“, рекла преплашената Ката Шулц (77) од Подвиње, во близина на Славонски Брод.
Таа го подготвувала неделниот ручек, и затребала тавата, ја отворила фурната, а таму била змијата замотана како баница.

Три дена жената живеела во куќата со змија
Три дена живеела во куќата со змија. Таа никако не можела да најде решение.
„Ноќе не спиев, престанав да јадам, пиев само вода“ – вели таа.

Во средата, одлучила да се јави на службите на МВР, а тие ја упатиле на противпожарната служба, кои тоа го работат. Пожарникарите и рекле дека немаат професионална личност која ќе ја фати змијата, па исплашената жена ја упатиле кај Дарко Карамазан од Бебрина, човекот кој веќе неколку децении лови змии.
„Соседот Марко Липка (21) и јас веднаш дојдовме. Соседите го изнеле шпоретот, но во него не била змијата. Се разгледавме, таа беше во мијалникот. Змијата беше темпераментна и ми се закануваше мене. Јас ќе ја однесам во природа и ќе ја пуштам, сосема е безопасна и не е отровна.“ – заклучил Дарко Карамазан. 
„Вреснав, а змијата само ја крена главата, ме погледна и почна да го покажува јазикот. Неколку пати ми се закани со јазикот, мислам дека побр

Пронајдете не на следниве мрежи: