За време на протестите против авторитарниот режим на сегашниот српски премиер и иден претседател Александар Вучиќ на учесниците им се делат летоци со инструкции како да дејствуваат за време на поворките по градовите, пренесува бугарскиот портал БГНЕС.Синоќа, трет ден по ред во Белград, и во повеќето големи градови на Србија, се одржаа протести против „изборната измама, купувањето гласови и диктатурата на Вучиќ”, кој победи во првиот круг на претседателските избори на 2-ри април со 55 отсто . Во протестите учествуваат претежно млади луѓе, а во Белград се собираат по неколку илјади луѓе.
Протестот е непартски и официјално луѓето се собираат преку пораки на социјалните мрежи. Во исто време, сепак, на учесниците им се делат летоци со инструкции како да се однесуваат во различни ситуации. Еве дел од нив: „Ако ви се обратат новинари одговарајте љубезно на сите прашања. Ние нема што да криеме …. Полицајците не се наши непријатели. Не фрлајте предмети, не ги пцујте. Тоа се наши сограѓани кои се огорчени како нас од гангстерскиот режим на владејачката класа …. за време на поворките по улиците мора да внимавате на движењето и ако има нервозни возачи во метежот не влегувајте во расправии со нив …. не ги сквернавете спомениците на жртвите од Косово. Нивните страдања се и наши … “
БГНЕС потсетува дека сите опозициски партии се пожалија од медиумскиот притисок и злоупотреба на власта од страна на режимот на Вучиќ, кој учествува во трката и како премиер на земјата. Многу граѓански здруженија го обвинуваат Вучиќ за фалсификување на гласови. Синоќа, трет ден по ред во Белград, и во повеќето големи градови на Србија, се одржаа протести против „изборната измама, купувањето гла