Најмалку дваесет лица загинаа во неделата во стампедото на Кумб Мели, најголемиот верски собир во светот кој се одржува во градот Алахабад, на реката Ганг во северна Индија.Метежот настанал на крајот од денот во чиј тек повеќе од 30 милиони аџии, што е досега рекорден број, се искапаа во светата река Ганг за „да се измијат од гревовите“, соопштија индиските власти.Полициски функционер за агенцијата PTI изјавил дека дваесет лица загинале, а голем број се повредени во стампедото кое се случи во неделата навечер во близина на железничката станица во Алаханад, каде се собираат верниците за враќање дома.За идентичен број загинати соопшти и локалната телевизија NDTV, додавајќи дека дел од повредените се во многу тешка ситуација. Претставници на локалните власти изјавија дека под притисок на толпата попуштила оградата на пешачкиот мост во близина на станицата.„Луѓето се одмарале на оградите кои не го издржаа притисокот и потпорките попуштиле“, изјави за AFP Асок Шарма, портпаролот на владата на сојузната индиска држава Утар Прадеш, каде се наоѓа светилиштето Алахабад. Семејствата на жртвите го обвинија полцииајта дела предизвикала паника и така ја предизвикала несреќата.Празнувањето на Кумб Мел кое започна на 14-ти јануари и завршува на почетокто од март, се одржува во градот Алахабад на секои 12 години и трае 55 денови, а за тоа време се доаѓаат стотици милиони хиндуси, што ова празнување го прави најголемиот собир на светот.
МакфаксНајмалку дваесет лица загинаа во неделата во стампедото на Кумб Мели, најголемиот верски собир во светот кој се одржува во градот Алахабад, н