Во подрумските простории кои биле дел од сопственоста на станот на постариот брат на доскорешната пратеничка на ДУИ Ермира Мехмети, Ермаљ, во текот на вчерашниот ден бил пронајден цел арсенал на оружјеВо вчерашниот билтен МВР информираше дека оружјето, гранатите и муницијата биле најдени складирани во кофи, а додаваат дека за случајот биле информирани по пријава, притоа не дадоа дополнителни детали.
„При увидот на местото на настанот, во подрумските простории, пронајдени биле 19 гранати калибар 40 мм во реденик, 12 гранати 40 мм залепени со селотејп во картонска кутија, две рачни бомби кинеско производство, еден упаљач за рачна бомба, 25 куршуми маневарска муниција калибар 7,62 мм и 10 куршуми калибар 7.62мм боева муниција. Се работи на целосно расчистување на случајот“, пишува во денешниот полициски билтен.
Братот на Мехмети се наоѓа дома, а со него полицијата извршила разговор и случајот го проследила до Јавното обвинителство.
„Известено е Јавното обвинителство, постапката трае и ќе бидете известени“ – изјави Агим Нухиу, министер за внатрешни работи од редовите на ДУИ.Во вчерашниот билтен МВР информираше дека оружјето, гранатите и муницијата биле најдени складирани во кофи, а додаваат дека за случајот биле информ