„Дотрча кај мене и ми рече дека нашла 15. 000 долари, но веднаш видов дека се работи за многу поголема сума“, изјавил Рик Дешампс, менаџер на фирма за рециклирање од Онтарио во Канада. Вработената пронашла повеќе од 100.000 долари во стар телевизор од 1980 година.Во фабриката стоел скоро година дена пред да биде откриено богатството кое се криело во него.
„Месечно добиваме од 10000 до 30000 телевизори, а оваа сума пари е добивка на лото“, се насмевнал менаџерот.
Во телевизорот исто така биле пронајдени документи кои ѝ помогнале на полицијата да го пронајдат сопственикот, 68- годишен маж. Тој им рекол дека неговите родители таму ги чувале парите, но дека тој заборавил на тоа и телевизорот му го дал на пријателот, кој очигледно исто така никогаш не погледнал внатре и дека парите ќе ги даде на семејството.
„Се надевам дека паметно ќе ги искористат тие пари“ рекол полицаецот кој го пронашол сопственикот.
Сопствениците на компанијата се многу благодарни на вработената која одлучила да ги врати парите наместо да ги задржи за себе говорејќи дека таа треба да биде пример за останатите.Во фабриката стоел скоро година дена пред да биде откриено богатството кое се криело во него.
„Месечно добива