Во тек е увидот во Избирачкиот список

Увидот во Избирачкиот список (ИС) за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември се одвива без проблеми во подрачните одделенија на ДИК и во канцелариите на општините, како и електронски, постојано, 24 часа, информираат од Државната изборна комисија.За вршење јавен увид во ИС и за пријавување на граѓаните со спорни записи, ДИК отвори дополнителни канцеларии во 17 општини каде што нема свои подрачни одделенија или канцеларии. Од 8:30 до 19 часот отворени се канцеларии во Сарај, Ѓорче Петров, Студеничани, Аеродром, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Арачиново, Петровец, Липково, Долнени, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце, Теарце, Маврово и Ростуша и Врапчиште.
Според информациите од ДИК, до вчера до 19 часот во подрачните единици и канцеларии увид во ИС направиле 766 избирачи.
Пријавени за гласање од дијаспората досега се 4.973 државјани на РМ, а 56 лица кои биле со спорни записи од 29.858.
Синоќа на седница ДИК го усвои прирачник за едукација на Избирачките одбори во странство и Програма за едукација на изборните органи.
Јавниот увид во Избирачкиот список започна на 29 октомври и ќе трае до 11 ноември.
Од евидентираните 1.783.715 лица во Избирачкиот список кои имаат право на глас на претстојните предвремени парламентрани избори, вкупно 297.109 се во Изборната единица (ИЕ)1, 307.675 се во ИЕ 2, 282.885 се во ИЕ 3, 285.628 се во ИЕ 4, 296.322 се во ИЕ5 и во 314.096 се регистрирани во Изборната единица 6.
До 6 ноември се собираат и потписи за една листа на кандидати за пратеници од група избирачи во Изборната единица 2, чиј носител е Оливера Доцевска.За вршење јавен увид во ИС и за пријавување на граѓаните со спорни записи, ДИК отвори дополнителни канцеларии во 17 општини каде што нема свои подр

Пронајдете не на следниве мрежи: