Во тек е Конкурсот за доделување стипендии за студетните кои во академската 2016/2017 година ќе се запишат на студии на еден од најдобрите 100 универзитети во светот.Досега до Министерството за образование и наука пристигнати се 15-тина апликации доставени од студенти кои се запишале на Универзитетот Кембриџ, Стокхолмскиот универзитет, Универзитетот во Оксфорд, во Манчестер, Утрехт универзитетот и други. Најмногу се застапени апликациите од информатичко – комуникациските технологии, финансиите, правото, архитектурата и менаџментот.
Конкурсот трае до 1 септември, а денеска заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски ги повика сите заинтересирани студенти кои ги исполнуваат условите, да аплицираат за добивање на стипендија.
– Апелирам до сите заинтересирани кои планираат да се запишат на некој од топ 100 светски универзитети и ќе успеат во тоа, да го разгледаат конкурсот кој може да се најде на stipendii.mon.gov.mk , да ги соберат потребните документи, да аплицираат и да ја искористат оваа можност која токму нашата земја ја нуди како единствена меѓу сите останати во регионот, а која досега ја искористиле 170-тина македонски граѓани што е потврда дека нашите студенти конкурираат и успешно се запишуваат на најдобирте светски универзитети, истакна Ристовски на прес-конференција.
Износот на стипендијата која ќе ја добие студентот зависи од земјата и универзитетот каде тој се запишал и со неа се покрива трошокот за уписнината најмногу до 40 илјади американски долари на годишно ниво, месечниот паричен надомест и трошоците за превоз.
По завршувањето на студиите, кандидатите имаат обврска да се вратат во Македонија и да работат во јавниот или во приватниот сектор најмалку двојно поголем период од оној додека студирале.Досега до Министерството за образование и наука пристигнати се 15-тина апликации доставени од студенти кои се запишале на Универзитетот Кембриџ, Ст