Во Украина паднаа првите жртви, но не се знае во колав број

Напнатоста во источна Украина од дена на ден се поголема. Почна да се пролева крв. 
Украинското МВР јавува дека ја повратило контролата над градот Краматорск, додека пак во Славјанск е забележано преминување на украински војници на руска страна.
Ројтерс пак јавува дека проруските активисти успеале да ја заземат зградата на гратското собрание во Доњецк.

 
Напната е ситуацијата пред утрешниот состанок во Женева на претседателите на Украина, Русија, САД и ЕУ. Украина веќе најави дека нема да присуствува на состанокот.
Во анти-терористичката акција која започна вчера веќе паднаа четири жртви, а има и голем број на повредени. Овие информации се преземаат од случајни сведоци на настаните и не се официјални.
Ова ја продлабочи политичката криза помеѓу Русија и Украина. Русија веќе распоредила преку 40 000 војници на границата со Украина.

 
Украинските власти најавија дека ќе се погрижат за тоа во Доњецк и околните градови да не остане ниту еден терорист. Васил Крутов, главниот генерал на анти-терористичката акција анјави дека ќе се ликвидираат сите сепаратисти кои ќе одбијат да го предадат оружјето. САД и ЕУ пак најавија нови санкции за Русија доколку состанокот во Женева пропадне.
 
  
Украинското МВР јавува дека ја повратило контролата над градот Краматорск, додека пак во Славјанск е забележано преминување на украи

Пронајдете не на следниве мрежи: