Во урната зграда во Кенија има 15 исчезнати станари

Најмалку 15 лица се водат како исчезнати, откако седмократна станбена зграда самата се урна, доцна синоќа, во едно од предградијата на кенискиот главен град Најроби, соопшти полицијата.Зградата била прогласена за опасно за живеење кога на нејзините ѕидови почнале да се појавуваат пукнатини, па властите извршиле итна евакуација на станарите.
Според весниците во Најроби, околу 120 лица биле евакуирани, речиси во последен момент, пред зградата да се урне, но властите стравуваат дека во урнатините би можело да има заробени лица.
Се стравува дека станува збор за оние кои и покрај предупредувањата , влегувале во зградата, во обид  да извлечат нешто од својата покуќнина.
Ваквите инциденти не се ретка појава во Кенија.
Уривање на зградите има најчесто во деловите на сиромашнте предградија и салмовите околу Најроби, каде градежниците не се придржуваат на стандардите и нормите на градење, предвидено со законите.
Во април оваа година, дури 47 лица загинаа при ваквото уривање на една станбена зграда, на периферијата од Најроби, што се случи по неколкудневните обилни врнежи од дожд.Зградата била прогласена за опасно за живеење кога на нејзините ѕидови почнале да се појавуваат пукнатини, па властите извршиле итна евакуација на

Пронајдете не на следниве мрежи: