Отсекогаш во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ културата била вечниот оган кој бил значаен, не само за идентитетот, туку и за културните национални институции особено заради удирање на печат на идентитетот на македонскиот јазик и културата, истакна Влантина Божиновска на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ.-Тоа го правевме сиве овие години се со една цел, Македонија како цивилизациско општество, како цивилизациска држава да биде силен удар во симетријата на светот пред меѓународните заедници, пред Советот на Европа, Европската Унија, УНЕСКО итн., посочи Божиновска.
Вели дека градењето на културните институции, особено на културното наследство имало огромна цел, да се зачува идентитетот на Република Македонија.
-Кога вам ќе ви се избрише зборот културно наследство и институции од културно наследство вие во истиот миг знаете дека влегувате во шаблонот на она што го сега го нуди СДС, отворено општество без идентитет, без национално чувство, без културни институции. Бидејќи културните и артефактните институции го градат тој жив оган на културниот идентитет и особено на македонскиот идентитет, а најмногу на македонскиот јазик како заштитен во Македонија, истакна Божиновска.
Потенцира дека она што во моментот се случува е режимско однесување на СДСМ.
-При правење на инспекции гледаме дека во повеќето институции е сосема во ред, чисто, но повторно се директорите бркани на еден крајно несериозен начин, без подлога на Законот за култура. Некаде во некои институции влегуваат инспекции, некаде не влегуваат, се разрешувани итн., пак би рекла на еден режимски начин, вели Божиновска.
Додаде дека новата влада нема национална стратегија и основ на што ќе работи во иднина.-Тоа го правевме сиве овие години се со една цел, Македонија како цивилизациско општество, како цивилизациска држава да биде силен удар во симетриј