Во врска со постар маж

Loading...

Љубовта не прашува за изглед, памет или години..Едноставно се случува, било да се работи за помлада личност од вас, или пак постара. Љубовта со постара личност е често предмет за дискусија. Дали таквата е љубов е возможна?
Годините се само бројка
Можете да имате 20 години и да бидете многу созреани, или 40 години и незрели. Се зависи од вашиот и од карактерот на вашиот партнер. Годините не мора да значат дека некој е зрел или незрел. Сепак, бидете свесни дека одредената разлика во годините нема да биде секогаш лесна за да се преброди, посебно после долго време. Само физичките квалитети може да бидат препрека.
Бидете свесни за разликата во генерациите
Разликата во генерациите може да биде голема препрека. Нормално, зависи колку сте разлика во годините. Ако вашиот партнер е постар од вас 15 или 20 години морате да знаете дека тој растел во поинакво време. Важно е да ги прифатите тие разлики и да научите за нив, што побрзо толку подобро. 
Сконцентрирајте се на заедничките интереси
Секако, сите парови мораат да се концентрираат на заедничките интереси, ама тоа мора да ви биде најважно само поради таа разлика во годините. Штом е поголема разликата, така ќе имате помалку работи кои ве поврзуваат. 
Бидете во врска од реални причини
Дали сте со него затоа шо е богат и имате корист од него? Или можеби имате некои други причини? Ако причината не е взаемната љубов и почит, немојте да се врзувате. Никој од таа врска нема да излезе среќен.
 
Вашата врска не е поинаква од било која друга
Годините не се важни, што значи дека врската не смеете да ја третирате поинаку, таа не е ништо поразлична од некоја друга врска. Ако тоа е врска во која сакате и сте среќни и љубовта ви е возвратена на ист начин, зошто би требало да постојат разлики. Во ред, можеби е доволно стар за да ви биде татко, ама тоа не значи дека не е доволно млад за да ви биде добар партнер и љубовник.
Погрижете се да врската има добар темел
Врската мора да има добар темел за да може да се гради и проширува. Ако сакате врската да биде цврста и солидна мора да има добар темел. Темелот е љубов, разбирање и верување во иста цел.Врската мора да биде силна
Колку врската е појака, толку е полесно да ги совладате тешкотите кои ќе ви се најдат на патот, а тоа е посебно важно кога е во прашање разликата во годините. Вие во врската се борите со голема генерациска разлика, со можност од неприфатеност од околината па дури и контраверзност. 
Поддршка од околината
Никој не може да живее изолиран од друштвото и од светот, што значи дека е многу важно да имате поддршка од околината или барем од луѓето кои ви значат. Кога имате поддршка од околината која ги разбира причините поради кои сте со постар партнер, веќе се чувствува помал притисок. 
Имајте самодоверба
Бидете сигурни во вашиот избор. Ако сакате постар маж, немате од што да се срамите или криете. Вие сте единствените кои можете да одлучите со кој ќе се впуштите во врска и во кој ќе се заљубите.
Извор. lady.mk
 Љубовта не прашува за изглед, памет или години..Едноставно се случува, било да се работи за помлада личност од вас, или пак постара. Љубовта

loading...