Овогодинешниот настан НИЕ СМЕ НАЈДОБРИ – СИТЕ ВО АКЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА, 2014 ќе се одржува во вторник, 09 декември (Кинотека на Македонија, 20 часот), петок, 12 декември (Универзална сала, Мала сцена, 12 часот) и сабота, 13 декември (Универзална Сала, Голема сцена, 19.30 часот).Проектната иницијатива НИЕ СМЕ НАЈДОБРИ во организација на Градот Скопје, Универзалната Сала – Скопје и НВО Центар за креативен развој – Скопје, е поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Факултетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Македонија Експорт Консалтинг, ПАКОМАК и ЈУ Зоолошка градина.
На фестивалот средношколците ќе се претстават и натпреваруваат по пријавените категории – музика, театар, мода, танц, филм и фотографија, при што 70 средношколски тимови од 15 скопски средни училишта ги подготвија своите уметнички производи со помош на своите професор – ментор координатори и оригинално ги прикажат пред публиката. Средношколците-учесници имаа задача да креираат уметнички производи кои се инспирирани од културата на НЕНАСИЛИЕТО и здравата и чиста околина.
Финалниот перформанс ќе се одржи во сабота 13 декември, во 19:30часот во Универзална сала, каде училиштата ќе се претстават со своите креативни сценски настапи по што жири комисијата ке ги прогласи најдобрите по категорија.
Долгорочното влијание и резултат на проектната средношколска иницијатива НАЈДОБРИ е да даде современ придонес кон остварувањето на креативна и конструктивна комуникација и соработка помеѓу средношколците, средните школи, средношколските организации и асоцијации, невладините организации, фирми и бизниси, како и локалната самоуправа во Скопје и Македонија. Целта на НИЕ СМЕ НАЈДОБРИ 2013 е да им даде можност на сите посветени ученици кои сакаат да учат и да работат тимски, да стекнуваат знаења и вештини, да бидат креативни, а притоа да бидат од корист и на другите и на заедницата во која живеат.Проектната иницијатива НИЕ СМЕ НАЈДОБРИ во организација на Градот Скопје, Универзалната Сала – Скопје и НВО Центар за креативен развој – Скоп