Во западна Канада и натаму беснеат пожари, од кои само во покраината Британска Колумбија горат 155 пожари, а евакираните десетици илјади лица се уште не можат да се вратат во своите домови, соопштија властите.Огнената стихија во Британска Колумбија уништи повеќе од 327.000 хектари шума и необработливо земјиште, пренесоа француските медиуми.
Портпаролот на противпожарната служба во оваа канадска провинција, Кевин Скрепнек, изјави дека 15-те активни пожари претставуваат „вистинска закана за заедницата”.
Досега само мал број луѓе успеале да се вратат во своите домови, а околу 46.000 лица и натаму се евакуирани.
Во гаснењето на поажрите учествуваат околу 3.000 пожарникари и 22 хеликоптери и противпожарни авиони „канадери“, додека засилувања пристигнуваат од други делови на земјата.
На источната падина на Карпестите планини, заради пожар делумно се затворени некои од најпознатите канадскии национални паркови, како што е „Банф“ во Алберта, што секоја година го посетуваат четири милиони туристи.
Големината на штетата на годинешните пожари е приближна на размерите на огнената стихија од 2003 година, кога повеќе од 50.000 лица морааа да ги напуштат своите домови, напоменуваат француските медиуми.Огнената стихија во Британска Колумбија уништи повеќе од 327.000 хектари шума и необработливо земјиште, пренесоа француските медиуми.
Портп