Промоција на Црните страници на УДБА во Куманово.
Во моментов се одржува промоција на едицијата „Црните страници на УДБА“ во театарот во Куманово. Директорот на Државниот архив, Филип Петровски ги презентира документите објавени во 9 тома, 16 книги во кои се содржани 202 досиеја на 13.500 страници.
Едицијата ја издава самиот Државен архива на Република Македонија, а посветена е на последиците од делувањето на тајните служби на поранешната заедничка држава Југославија.