Прочитајте ја најновата колумна од Јована Швоња објавена на социјалната мрежа Фејсбук. Таа ни даде ексклузивно интервју кое можете да го прочитате и е мошне интересна јавна личност на балканскиве простори.
Ние се договоривме со неа да ја следиме и да ја приближуваме на македонската публика…Додека од себе го слекувам и последното парче облека, ја слушам водата од тушот која ја пуштив пред 10 минути како извира. Навика. Сакам да го слушам звукот на водата, ми ги смирува мислите кои лутаат наоколу.
Влегувам во туш-кабината и ги затворам очите додека водата се разлева по моето тело. Ги отворам очите. Водата е студена! Ја одвртувам славината за топла вода, и ме пече. Се чувствувам жива…
Повторно очи затворам и размислувам за тоа како до сега никој не ја поднесол температурата на водата со која се туширам. Излегуваа од кабината скокајќи велејќи ми дека сум луда; го сакав тоа!
Тие отскокнуваат со искривен израз на лицето, а јас се смејам и продолжувам да ја одвртувам славината. Обичен гледач би рекол дек истото го правам и во животот; штом некој ми се приближи доволно блиску, јас малку по малку го туркам назад додека и самиот не сфати дека не е во чекор со мене. Потоа се насмевнувам. Секогаш се смејам кога не знам што чувствувам, рефлексно, како кога потколеницата отскокнува кога чеканчето го удира вистинскиот нерв на коленото. Ги отворам очите.
Повторно им дозволив на мислите да одлетаат таму каде не сакам да одат. Водата е многу постудена; предолго сум под тушот. Ја завртувам славината назад и излегувам од бањата полна пареа. Застанувам пред огледалото и цртам смешковци. Насмеани се бидејќи знаат за што размислувам…
А кој не би се смеел?