Веќе е средина на 2015 година, а ти и сеуште си сингл, сеуште си онаа јадна девојка која нема дечко. Луѓето те замислуваат како маченица која јаде по 20 чоколади зад затворени врати, само затоа што е сингл.А всушност да бидеш сингл може да биде сјајно, тоа не значи, дека за денот на вљубените мораш да го поминеш депресивна. Да бидеш сингл значи дека ќе имаш повеќе време да се забавуваш со пријателите, нема да мораш да паничиш при помислата дека ти останале валкани чорапи на креветот.
Водич како да си поминеш одлично во ситуацијата која многумина ја оценуваат како фатална.
Прекини со одрекувањето
Правило број еден мораш да бидеш искрена сама кон себе. Овие работи мораш да престанеш да ги правиш, да престанеш да се колнеш на верност во ,,сестринскиот'' клан, тоа значи да престанеш да даваш изјави од типот дека ,, Развојот на тојата кариера би бил невозможен кога би имала дечко'' , ,, Сакам да сум сама '' . Да бидеш сингл незначи дека момците ти се плашат, тоа само значи дека, вистинскиот уште не се појавил, а се разбира и дека нема да се појави доколку ти целото твое слободното време го поминуваш пред компијутер. Искочи надвор забавувај се, живеј го животот во полн здив.
Секс без обврски
Една од подобрите работи кога си сама, можеш да имас секс со слаткото момче кое го запозна вчера, без тоа да значи дека ќе мораш да плачеш и да се нервираш наредното утро само затоа што тој не ти се јавил. Тоа што е важно за сексот без обврски, е ако потоа се чувствуваш чудно и тажно, не се форсирај, тоа не е за тебе,ништо страшно.
Состаноци
Од самата помисла на состанок ти се ежиш? Жалосно, не постои начин себе да се претставиш како девојка која излегува само на спонтани состаноци. На апликациите за запознавање, немој да се трудиш да бидеш ниту иронична, ниту мистериозна. Престани да се претставуваш како некоја друга, немој да ставаш на профил слика на која си со твоите пријателки, тоа нема поента, исто така немој да си го менуваш изгледот со разни апликации само затоа што мислиш дека си дебела, сепак ако некој сака да има состанок со тебе ќе види дека ти, не си девојката од сликата.
Парови
Секој твој обид да ги одвоиш од тв во текот на една работна недела, завршува неуспешно, апетитот за авантура кој некогаш го имале, се претопил во разговори за цветовите кои ги одгледуваат во куќата. Кога пар кој е долго време во врска ќе те покани на забава која звучи ветувачки, не биди наивна, нивните интереси значително се разликуваат од твоите. Тие по некогаш ќе се обидуваат да те спојат со првата слободна личност која ја познаваат, тие само сакаат, ти да се ,,смириш'”за да не те мислат дали си на сигурно.
Најди си вистински пријатели
“Најдобрите пријатели ” се оние кои ти помагаат да го поместиш креветот, или пак кога мораат да те ги слушаат твоите жалења , да ти посочат дека нешто не е во ред со твојата коса, но кога се однесува на тоа што тебе ти е навистина потребно, тие се неупотребливи.
Најдобрата другарка ти е во врска веќе 5 години, излегувањето по журки за неа е одамна завршено. Она што тебе навистина ти е потребно се пријатели за излегување, со кои ке ги посетувате наважните журки во градот, а притоа ќе немате за што да си замерите.
Сакај се
Да бидеш сингл, значи дека можеш да ги правиш сите иритантни работи кои сакаш, без притоа да нервираш било кој. Кога си сама твое е правото да се сакаш себеси со сите твои маани и доблести. Размисли си не постои никој со кој имаш повеќе заднички работи, тоа си ти самата.Одлична си, најдобра си, супер ги припремаш шпагетите, твојата коса секогаш има волумен, дури и кога овие факти се невистинити, сакај се .
Забавно е да си сингл, животот нуди многу повеќе од тоа да се будиш секое утро покрај иста личност. Ти имаш енергија секој ден да пробаш нешто нови возбудливи работи, таа само чека на тебе да биде искористена. Да си сингл не е страшно, има време вистинскиот ќе се појви тогаш кога најмалку очекуваш.
А всушност да бидеш сингл може да биде сјајно, тоа не значи, дека за денот на вљубените мораш да го поминеш депресивна. Да бидеш сингл значи дека ќ



