Водолиите и Девиците незнаат сами да си ја решат расправијата

Поврзаноста со браќата и сестрите е еден од најдлабоките и најсложените односи во животот.Од небројните згоди и сеќавања од детството, браќата и сестрите делат доверба и искрена љубов. Но таквиот однос може и прилично да се искомплицира кога е во прашање ривалството и различните особености. Дознајте колку добро се сложувате со својата сестра или брат и како можете додатно да го подобрите односот.
Овен и Водолија
Овие браќа се прилично различни, но не и неспоиви. Се ценат и си даваат маневарски простор. Кога делуваат заедно, можат да направат сјајни работи, а кога секој си ја работи својата работа, не се мешаат во работата на другиот. Двајцата се тврдоглави па своите спорови ќе ги изразат гласно и бурно. Но истовремено се многу лојални на своите ближни па затоа нивните врски ќе бидат цврсти.
Близнаци и Водолија
Овие две деца имаат продорни и животворни умови. Додека водолијата вистински е заинтересирана за природата, околината, друштвотои други поголеми теми, близнаците се само љубопитни и сакаат да го хранат својот ум со нови запознавања. Во тој поглед се разликуваат, но многубројните сличности осигуруваат на тоа добро да се снаоѓаат целиот живот.
Рак и Водолија
Овие два не сакаат да играат еден со друг бидејки имаат различни интереси и емоционални добивки. Водолијата не е лесно да се разбере затоа што Ракот е сентиментален и врзан за куќата додека тој го доживува водолијата премногу површен и дистанциран. Но тоа не значи дека нема да се сакаат и поддржуваат кога ќе воочат дека на другиот му треба поддршка или да не сака едниот од другиот многу да научи.
Лав и Водолија
Ова се деца кои меѓусебно се проучуваат и откриваат разлики, но редовно заклучуваат дека тие разлики ги забавуваат и поврзуваат. Водолијата сака да биде посебен но не му треба многу пофалби и восхит, за кој лавот живее. Среќа, водолијата не е тешко да го облее лавот со комплименти и не ми смета доколку тој го завземе вниманието. Ако се најдат во кавга, во првиот момент може да бидат искри на сите страни, но примирјето не е далеку.
Девица и Водолија
Девицата и Водолијата добро ќе се сложуваат бидејки во ни еден момент нема да сакаат да ја променат особината на другиот, туку ќе се прифатат и ќе ги почитуваат меѓусебните разлики. Без разлика дали се млади или стари, водолијата ќе ја превземе доминацијата во тој однос. Но доколку се скараат, обајцата се толку тврдоглави што ќе им биде потребен посредник за да можат да се помират.
Вага и Водолија
Вагата и Водолијата се многу друштвени па околу себе собираат многу пријатели. Имаат многу што да се кажат меќусебно па често се препираат, но и се сложуваат. Водолијата е малку повеќе сигурен во тоа дали неговите замисли се добри, па би било добро да научи да биде отворен на туѓото мислење.
Шкорпија и Водолија
Овие двајца големи мислители ќе потрошат многу време говорејки за своите генијални идеи. Двајцата од мали нозе се уверени дека имаат одговори на секои големи прашања. Ако некогаш се одлучат во нешто да се натпреваруваат работите би можеле да излезат од контрола. За среќа, повеќе ќе соработуваат па така односот по правило би требало да биде стабилен.
Стрелец и Водолија
И да не се роднински поврзани, стрелецот и водолијата многу брзо би се препознале и би започнале нераскинливо пријателство. Како авнтуристи кои го сакаат животот и му се радуваат на секој нов ден, од раната возраст тие се нераздвојни. Нивното секојдневие ќе биде исполнето со забавни игри, дружење. Се разбираат и затоа помеѓу нив нема љубомора и ривалство.
Јарец и Водолија
Јарецот и Водолијата ќе имаат интересен братско-сестрински однос. Јарецот ќе сака повеќе самостојна активност додека водолијата секогаш ќе бара начин за вклучување во поголема група и добро забавување. Овие двајца често ќе се препираат бидејки нема да можат да се разберат зашто го гледаат светот толку различно. Но до поголеми конфликти нема да дојде.
Водолија и Водолија
Овие невообичаени деца се силно поврзани, но поврзаноста не ги штити од ситни искри. Имаат многу добро развиени умови и штом прозборат се расправаат за своето внимание. Тие расправии можат да прераснат во кавги во кои ке мораат да се вмешаат и родителите. Но истата таа сила која ги турка во помирување ги спојува, па со текот на годините многу повеќе ќе ги ценат ставовите и погледите од друга страна.
Риби и Водолија
Овие деца многу добро се сложуваат и покрај значајните разлики. Рибата природно е внимателна и мотивирана да помогне, додека водолијата повеќе ја интересира поголема група на луѓе отколку поединци. Додека рибата во куќа ќе донесе напуштено куче или маче, водолијата ќе организира забава со необични пријатели, наговарајки ја рибата да го оцени површен и заигран.Од небројните згоди и сеќавања од детството, браќата и сестрите делат доверба и искрена љубов. Но таквиот однос може и прилично да се искомплицира

Пронајдете не на следниве мрежи: