ВОЕН ЧИН: Осум причини ЗОШТО Турција го собори рускиот авион!

Со соборувањето на рускиот воен авион Су-24, Турција направи воен акт против Руската Федерација. Анкара се бори да го задржи интересот во сирискиот конфликт и да го заштити увозот на нафта од подрачјата кои се под контрола на Исламската држава.Ако Турција даде претходно изјава дека ќе се приклучи во борбата против Исламската држава, нејасно е зошто тогаш е донесена одлуката да се собори руски авион со оглед на тоа дека Руската Федерација нема дадено никакви изјави дека има било какви претензии кон нанесувањето штета на Турција.
Факторите кои наведуваат до заклучокот дека турскиот одговор на руските акции не се соодветни, се:
1. Русија нема формални или неформални цели во Турција – и авионот не претставува закана за националната безбедност на Турција, кога правно или воено се толкува.
2. Русија нема геополитичка добивка во случај на кршење на турскиот воздушен простор.
Тоа значи дека чинот на Турција не е само реакција, туку го преминува тоа ниво и станува дело за себе. Затоа се третира како воен чин.
Целта на забраната за летови во северна Сирија е да се заштитат линиите за снабдување на ИСИС на северот и североистокот, вклучувајќи ги и локациите во Ирак.
Во одговор на турската агресија, Путин отворено изјави дека турската држава го поддржува тероризмот и неговата изјава има цел да ги разреши дилемите.

Турција се бори да го задржи интересот во сирискиот конфликт. Инаку, синот на Ердоган, Билал Ердоган, е сопственик на околу 500 камиони-цистерни кои ги користи ИСИС за превоз на нафта во Турција и тие камиони се запалени при руските напади минатата недела.
Значи, одлуката на Ердоган да го собори рускиот Су-24 е резултат од вкрстувањето на важните цели на НАТО и сѐ понестабилното владеење на Ердоган. Тие цели се:
1. Создавање на НАТО-зона за забрана на летови во северна Сирија.
2. Отворено истакнување на Турција како борец против ИСИС (за да се намали влијанието на руската интервенција).
3. Предизвикување на силна официјална реакција на НАТО и можно повикување на Член 5, кој многу тешко би можел да се примени само за Франција, или пак за заедничката акција (и со Русија) против ИСИС. Исто така, тоа би значело отворено активирање на германската противвоздушна батерија која се наоѓа на турската граница.
4. Предизвикување на руски одговор, кој без оглед на природата, би бил предвидлив, што на Турција ѝ донесува стратешка предност.
5. Понатамошно активирање на антируската и прозападната опозиција во Русија. Во внатрешноста на Русија, петтата и шестата колона ќе го употреби овој инцидент против руската држава. Петтата ќе рече дека руските акции во Сирија произведуваат несакани последици. Шестата ќе рече дека тоа е доказ дека Русија треба да интервенира поинтензивно (и следува курс на слепа заплетеност).
6. Елиминирање на сите позитивни предлози за гасоводот „Турски тек“ и туркање на Русија кон друг гасовод до Германија („Северен тек 2“) – како и кон единственото решение кое НАТО подоцна може да го изведе и да нападе со притискање на Берлин.
7. Одмазда и „силен протест“ поради тоа што на руската мета се најде личниот бизнис на Билал Ердоган.
8. Маргинализирање на Ердогановата опозиција во внатрешноста на Турција и префрлување на националниот дијалог од внатрешни кон надворешни прашања. Ако Турција даде претходно изјава дека ќе се приклучи во борбата против Исламската држава, нејасно е зошто тогаш е донесена одлуката да се собори р

Пронајдете не на следниве мрежи: