Истрели од автоматско оружје се слушаат вечерва во турскиот главен град Анкара, над кој надлетуваат воени авиони и хелиоптери, јавија западни медиуми, повикувајќи се на изјави на очевидци.Во исто, време турските медиуми јавија дека припадници на армијата ги затвориле за сообраќај двата моста преку протокот Босфор во Истанбул, но засега нема информации за причините за ваквата поостапка.
Телевизијата НТВ информира дека воени тенкови се распоредени и на влезот на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, а има информации дека припадници на армијата излегле на улиците и низ други градови во Турција.
„Група воени лица, искористувајќи ги овластувањата и оружјето што го имаат на располагање, се обидоа да извршат противдржавни и противправни дејства. Тоа не може да се нарече токму „државен удар“, но во секој случај, граѓаните можат да бидат спокојни. Ќе направиме сè за да го зачуваме редот и мирот. Виновниците ги чека жестока казна“, изјавил турскиот премиер Бинали Јилдирим за турскиот канал НТВ, пренесе руската агенција „РИА новости“.
Helikopterden ateş açılıyor canlı pic.twitter.com/h8ENDgfbgG
— (@Havrekhshaeta) July 15, 2016
Во исто, време турските медиуми јавија дека припадници на армијата ги затвориле за сообраќај двата моста преку протокот Босфор во Истанбул, но засе